1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Специјална економска зона е спасот за Грција?

ЕМФ/ард2 септември 2012

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц предлага за Грција да се спаси од банкрот да биде создадена специјална економска зона.

https://p.dw.com/p/162FR
Фотографија: Reuters

Претпријатијата ќе инвестираат во Грција само ако таму бидат исполнети повеќе услови, изјави Мартин Шулц за магазинот „Шпигел“.

Тие услови според претседателот на ЕП се:

„Прво мора да има јасна определба за еврото“, објаснува Шулц. Никој нема да инвестира се‘ додека мора да се грижи дали Грција ќе ја напушти еврозоната.

„Второ, грчката влада мора да биде подготвена да ја стабилизира земјата во соработка со европските институции.“

И трето, за претпријатијата кои одат во Грција мора да има некаков вид дополнителни инвестициски средства.

Во рамките на специјалната економска зона би можело да има агенција за пораст, во која европски и грчки службеници заеднички би ги бирале проектите кои треба да добијат поддршка. „Тоа е контрола, но и градење заемна доверба.“ Грчката држава мора да прифати дека реформите на лице место ќе ги спроведуваат ЕУ-службеници и притоа не се работи за „окупатори“, туку за „инструмент за помош“, нагласува претседателот на ЕП, Мартин Шулц за „Шпигел“.