СПД и Зелените против предлозите на опозицијата за нови даночни олеснувања
11 јануари 2004Реклама
Партиите од црвено-зелената коалиција во Берлин ги отфрлаат барањата за натамошни намалувања на даноците. Оној, кој ветува натамошни даночни олеснувања, како што тоа сега го прават партиите на Унијата, тој ќе доживее тежок пораз по прашањето на натамошниот развој на земјата - порача шефот на парламентарната група на Зелените, Криста Загер. На средбата на парламентарните групи на СПД и Зелените во Лајпциг вчера беше пстоигната потполна согласност околу ова прашање, додаде генералниот секретар на социјалдемократската партија Франц Минтеферинг. Секое натамошно намалување на даноците ќе ги загрози неопходните инвестиции во нови тахнологии, нагласи тој по разговорите во Лајпциг.
И социјалдемократите и Зелените уште еднаш апелираа до партиите на опозиционата Унија за создавање заеднички законски предлог околу финансирањето на какви и да е натамошни даночни оласнувања. За црвено-зелената коалиција опстанокот на социјалната држава во Германија е тесно поврзан со зголемените инвестиции во науката и образованието. Генералниот секретар на СПД, Франц Минтеферинг, со следната оценка:
"Она што треба да го сториме на полето на образованието и питтикот на иновациите е навистина итно, бидејќи веќе заостануваме. За 10 години можебо ќе биде предоцна."
СПД и Зелените сепак не ги надминаа разликите во ставовите околу иницијативата на социјадемократите за создавање елитни универзитети во Германија. Шефот на парламентарната фракција на Зелените Криста Загер, на средбата во Лајпциг нагласи:
"За нас е јасно дека ако не можеме да бидеме подобри во квалитетот на широкото високо образование, тогаш нема зошто да размислуваме ни за елитни образовни институции."
Реклама