1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спасовски: Го положивме тестот на демократска зрелост

ДТЗ
31 октомври 2021

Според МВР, не се забележани поголеми нарушувања на изборниот процес. Полицијата ќе поднесе две кривични пријави за уништување на изборен материјал во Кичево, како и за повреда на тајноста на гласањето

https://p.dw.com/p/42PhN
Oliver Spasovski, Prämierminister Nordmazedoniens
Фотографија: Regierung Nordmazedoniens

„Северна Македонија го положи тестот на демократската зрелост, покажавме дека имаме доволно демократски капацитети и го подигнуваме меѓународниот углед на земјата“, оцени министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по денешниот решавачки круг на локалните избори во земјата. Тој оцени дека изборите поминале во мирна, фер и демократска атмосфера и дека МВР одговорило на предизвиците околу безбедноста на изборниот процес, на највисоко професионално ниво. 

„Брзо и навремено одговоривме на сите пријави за заеднички да ги спречиме сите злоупотреби. Во текот на денешниот ден не се регистрирани поголеми инциденти и нарувања на изборниот процес. До 19 часот се забележани вкупно 31,7 проценти помалку пријави за споредба од изборите во јуни 2020 година“, рече Спасовски. 

Тој информираше дека се пријавени 144 настани, кај кои е забележано намалување од 67% во однос на делата поврзани со поткупи на гласачи. 

Најголем број на пријави се поднесени за агитирање на гласачи, изборен поткуп, вербални закани, злоупотреба на лични податоци, загрозување на безбедноста, како и за групирање на лица во близина на гласачко место.  

Спасовски информираше дека ќе бидат поднесени две кривични пријави за уништување на изборен материјал во Кичево, како и за повреда на тајноста на гласањето. Пријави се поднеснеи и за петмина полициски службеници - од нив четири се отфрлени, а за петтата се постапува.