1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сомнително предупредување од Москва

Керстен Книп
29 август 2018

Руската влада предупредува од наводен напад со отровен гас од страна на противниците на Асад во Идлиб. Но, предупредувањето е сомнително.

https://p.dw.com/p/33so0
Syrien Duma Trauer nach Giftgasangriff
Сириец тагува по својот син, по нападот со отровен гас во Дума, Сирија, во април годинаваФотографија: picture-alliance/newscom/M. Hassan

Руското министерство за одбрана во саботата ја предупреди меѓународната јавност: сириски бегалци, членови на исламистичката група Тарир ал-Шам, подготвувале напад со хемиско оружје во провинцијата Идлиб, во северозапдна Сирија. Групата, според портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, инсценира таков напад за потоа пред очите на светската јавност да излезе дека нападот го извршила владата на Асад.

Бунтовниците, како што се вели, во едно село во близина на градот Јиср ал-Шугур, веќе донесле повеќе канистери со хлорофин. Тие наводно веќе ангажирале и странска фирма која треба да им помогне во подготовката на нападот. Освен тоа, се тврди и дека дел од извршителите на нападот планираат да се облечат како членови на групата за спас Бели шлемови и да спасуваат жртви од инсценираниот напад. По реалните напади од страна на режимот, имено, спасувачката група Бели шлемови спасува жртви меѓу цивилното население.

Конашенков, според светските медиуми, вели дека смислата на намерите на бунтовниците е јасна: бунтовниците сакаат да им обезбедат изговор на САД, Велика Британија и Франција за да напаѓаат од воздух натамошни цели на сириската влада.

Syrien | Weißhelme bei der Rettung von Zivilisten
Припадници на Белите шлемови во акција на спасување во Идлиб во 2016 годинаФотографија: Getty Images/AFP/M. Al-Bakour

„Тоа се лаги“

На руските тврдења брзо стигна одгвоор од Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, која е поврзана со сириските бунтовници, но која во меѓународни рамки важи за веродостојна. Според оваа организација, тврдењата на Мосва се „лаги“.

„Тоа се тврдења кои треба да послужат за вовед во борба за Идлиб“, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Рами Абдел-Раман, директор на Сириската опсерваторија за човекови права. Хлоринот, според него, е доставен од сосема други причини. „Тој се доставува одвреме-навреме за локалните станици за вода да може да ја стерилизираат водата“, тврди Абдел-Раман.

Министерството за одбрана во Москва можеше да смета со отпор и потпрашања. Наједноставното прашање го постави интернет-венсикот Ал-Араби ал-џадид кој излегува во Лондон: од кога тоа руската армија дозволува терористички акти за кои знае однапред?

Повеќе: 

Трамп смета дека во Сирија „линиите се пречекорени“

Русија и Сирија уништуваат докази во Дума?

„Русите не му веруваат на Асад“

Уште едно прашање: зошто Москва воопшто дава вакво предупредување во јавноста, кога може да се претпостави дека сите страни во конфликтот, вклучително и претставниците на меѓународните организации, сега со посебно внимание ќе гледаат кон Сирија?

„Русите можеби и самите немаат доверба во режимот на Асад“, претпоставува Елијас Перабо од иницијативата која има симпатии кон бутновниците „Adopt a Revolution“. Во Москва веројатно не се сигурни дали режимот на Асад навистина ќе се откаже од употреба на хемиско оружје, вели Перабо за ДВ. „Во минатото од страна на контролорите на ОН се истражени 34 напади со отровен гас. За 28 од нив режимот е прогласен за виновен. Притоа не е употребуван само хлор, туку и сарин и други супстанции.“

Најстрашните напади со хемиско оружје

Оттука, не може да се исклучи дека владата сега може да употреби отровен гас и во Идлиб. Во Идлиб се наоѓа една од четирите т.н. деескалациони зони. Тие се направени за да им пружат заштита на цивилите. Но, во Идлиб има и позиции на вооружената опозиција, пред сѐ на Нусра-фронтот.

Нусра-фронтот беше жестоко напаѓан од страна на владата уште на поечтокто на август, но бунтовниците се бранат и натаму. Тоа, претпоставува Паребо, би можело да биде причина за владата да употреби хемиско оружје. Отровнот гас убива многу бргу, вели Паребо. А, освен тоа, луѓето многу се плашат од тоа. „Со употреба на отровен гас на луѓето им се сигнализира дека не се безбедни никаде, ниту во бункерите ниту каде било на друго место.“ Тоа има огромно психолошко дејство, потенцира Паребо.

Владата на Асад очигледно етички нема никакви дилеми да употреби гас. За нејзе и од воен аспект нема многу аргументи против вакво оружје, зашто досега употребата на хемиско оружје остана неказнета. Предупредувањата на Обама од летото 2013 година дека со употреба на отровен гас владата на Асад ја пречекорува „црвената линија“, останаа без последици.

Syrien Mutmaßlicher Giftgasangriff in Duma
Дете во болница во источна Гута по напад со отровен гас во април 2018-таФотографија: Reuters/White Helmets

Предупредување од Вашингтон

Сега американскиот советник за безбедност Џон Болтон исто така ја предупреди владата на Асад да не  употребува хемиско оружје. Доколку такво нешто се случи, САД „ќе одговорат силно“, рече Болтон. Со оваа изјава можеби е поврзано и руското предупредување од наводни напади со отровен гас од страна на бунтовниците.

Меѓутоа, нејасно е како да се сфати предупредувањето од страна на Белата куќа. САД веќе со години оперираат во Сирија, главно тајно. Меѓу другото и затоа што  директна конфронтација со режимот на Асад би можела лесно да доведе до судир со неговата заштитничка сила - Русија. Нејасно е дали администрацијата на Трамп би била навистина подготвена на такво нешто.

Посоодветно за спречување на натамошна употреба на отровен гас би било ако на Путин му се стави јасно до знаење дека такво нешто би значело дека ќе бидат сопрени парите за обнова во Сирија, смета Перабо.

Падот на Идлиб значи пад на последниот бастион на бунтовниците. Од тој момент натаму помалку ќе се работи за воените, а повеќе за економските апсекти на војната. Русија, по неколку години воена интервенција во Сирија, е финансиски исцрпена. Многу е ограничен и финансискиот простор за игра на втората сила заштитничка на Асад - Иран, особено по амбаргото од страна на САД. Западните држави во текот на војната во Сирија беа прилично воено воздржани. Во текот на идните постапки меѓутоа би можеле да ја употребат својата вистинска сила - економијата.