1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Соло на Обама за спас на илегалните доселеници

Геро Шлис/ А.Трајковска 21 ноември 2014

Претседателот на САД Барак Обама најави прекин на протерувањето на нелегалните мигранти и истовремено ги повика републиканците да усвојат нов закон за доселување.

https://p.dw.com/p/1Dqsh
Фотографија: Reuters/J. Bourg

Политичката клима зовре, како ретко кога во Вашингтон, кога претседателот Барак Обама во ударно време на американската телевизија ги објави своите планови, дека преку претседателски декрет сака да заштити пет милиони илегални доселеници - барем привремено - од депортација. „Вашингтон пост“ оцени дека ова е „најзначајната интервенција на еден председател во системот на доселување по речиси три децении“. Тоа што Барак Обама - како што долго време се закануваше - ја користи својата егзекутивна моќ заобиколувајќи го Конгресот разлути многу републиканци.

Закани на републиканците

На избраниците на народот во Конгресот, кои со години ги кочат реформските намери за доселувањето на Обама и кои се гледаат зајакнати по неодамнешните избори, новите чекори на претседателот делуваат како провокација: „Ако претседателот Обама не го почитува населението и на земјата и ја наметнува својата воља, Конгресот ќе делува“, се закани новиот републикански противник Мич МекКонел, кој по изборниот успех ги предводи републиканците во Сенатот.

Одамна медиумите телевизискиот настап на Обама го стилизираа како дуел со МекКонел, иако на крајот не сите телевизии го пренесуваа обраќањето на Обама. „Многумина предвидуваат негативни политички последици и жестоки борби меѓу пратениците во Конгресот“, вели Одри Сингер од вашингтонскиот Брукингс институт во разговор за Дојче веле. „Тоа не е баш најдобро, но мислам дека претседателот многу силно чувствува дека е притиснат до ѕид и мора да делува“.

Еден од популарните републиканци, сенаторот од Тексас Тед Круз се потсмеваше со зборовите „Крал Обама“. Заканите на неговите сопартијци стигнуваат дури до блокада на владата или постапка за одземање на функцијата. Но за Сингер сѐ уште ништо не е завршено. Останува да се почека и да се види „дали ќе се обидат да ги блокираат неговите мерки - и тука зборуваме пред сѐ за републиканците во Претставничкиот дом - или дали тоа ќе го поттикне Конгресот да делува“. Имено по последните изборни успеси тие располагаат со мнозинство во Конгресот. Чиста блокада би можела да наиде на неодобрување од страна на избирачите. Меѓутоа републиканците сепак може да се повикаат на тоа дека мнозинството стои зад нив. Според една анкета на „ЕнБиСи њус“/„Волстрит“ 48 проценти од Американците се против, нивниот претседател да агира без Конресот, 38 проценти го подржуваат во тоа.

Barack Obama und Mitch McConnell Archiv Juli 2014
Барак Обама и Мич МекКонелФотографија: imago/UPI Photo

Даночни приходи наместо депортација

Меѓутоа спорни се не само начинот на имплементирање, туку и содржинските промени, кои ги предизвикува претседателскиот декрет на Обама. За Сингер две работи стојат во преден план: Заштита од депортација и доделување на работна дозвола. Според Обама се работи за до пет милиони луѓе. Досега илегалните доселеници во иднина би требало да имаат право легално да работат во САД, појаснува Сингер. „Тоа е добро за нив, за нивните семејства и нивното опкружување. Тие би можеле да добијат подобра работа и да придонесат за даночните приходи“.

Републиканскиот сенарот Џеф Сешнс од Алабама ја критикува оваа одредба алудирајќи на тоа што Обама ја корсити неговата извршна моќ како извршна амнестија. Оние на кои се однесува новата програма сега смеат да останат во САД. Но, со тоа овие луѓе немаат легален статус. „Легален статус би значело, за нив да е ослободен патот за перманентно право на престој“, појаснува Сингер.

Тоа би можело да се случи само со закон усвоен од Конгресот, не со претседателски декрет. „Сето ова се само ограничени мерки и така погледнато не се најдобриот одговор“, смета Сингер. Таа укажува на тоа дека наредниот претседател веднаш би можел да ги отповика. Правната несигурност значи не е отстранета. И жестоките напади на републиканците нема да придонесат погодените да стекнат доверба и да се пријават кај властите како „илегалци“.

USA Illegale Einwanderer
Не сите илегални доселеници ќе профитираат од декретот на ОбамаФотографија: John Moore/Getty Images

Од новата регулатива во САД профитираат пред сѐ родителите, кои се подолго од пет години во земјата, чии деца веќе се државјани или тука имаат постојано право на престој. Обама ги штити и преку 600.000 млади, т.н. „сонувачи" кои како деца нелегалнно дошле во САД и до денес немаат право на престој.

Нивните родители меѓутоа не се опфатени со регулативата, што многумина тука, тоа го сфаќаат како најголема слабост на декретот. Според „Вашингтон Пост“, правниците во Белата куќа имале уставно-правни задршки да одат толку далеку.

Одри Сингер појаснува дека иницијативата на Обама има за цел: „Да се задржат семејствата. Тоа е обид да се заштитат луѓето кои имаат деца, кои се граѓани на САД или имаат право на престој во оваа земја. Тој цели кон луѓето кои тука умаат долгорочни врски или семјество“.

Исто така и за „Њујорк Тајмс“ резултатот „не е идеален“. Весникот укажува дека само Конгресот би можел да создаде систем за доселување, кој е праведен и кој ќе го трасира патот кон државјанство за работниците и нивните семејства. Најдоброто што Обама под овие околности би можел да го стори било да отоври простор за луѓето, преку привремени дозволи да живеат и работат без страв.

Претседателот Обама знае дека тој самиот неможе да понуди оддржливо решение. Затоа ги повика неговите противници во Конгресот, да работата на подобра и поправедна политика на доселување:„Усвоите закон!“