1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Собранието го ратификуваше договорот за името со Грција

ЖА / агенции
20 јуни 2018

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“, без против и воздржани, а во отсуство на опозициската ВМРО ДПМНЕ, на денешната седница го ратификуваа договорот за името со Грција.

https://p.dw.com/p/2zvZE
Mazedonien Parlament in Skopje
Фотографија: Picture alliance/dpa/epa/G. Licovski

Присутните во собраниската сала ратификацијата на договорот ја поздравија со аплауз и меѓусебни честитки. Собраниската Комисија за европски прашања вчера со десет гласа „за“ го усвои предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

Премиерот Зоран Заев во воведниот говор порача дека е постигнат договор со јасни обележја за македонскиот јазик и идентитет.

„Потписите на историскиот договор во Преспа го заштитија нашиот идентитет за век и веков. Никому ништо не сме му подариле, ниту некој ни одзеде нешто кога се договоривме за географска одредница. Овој храбар и стратешки чин е кулминација на сите наши напори како држава. Ова е израз на нашата посветеност да најдеме решение кое е во интерес на иднината и на граѓаните на нашите две земји. Се издигнавме над стравот за да обезбедиме безбедна и спокојна иднина“, рече Заев.

Предлог-законот за ратификација во Собранието и во собраниската Комисија за европски прашања го образложи министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој истакна дека има рокови што мораат да се запазат до самитот на ЕУ. Димитров рече дека спогодбата не е идеална и совршена, туку компромис на двете страни.

На денешната седница во Собранието не присуствуваа пратениците од ВМРО ДПМНЕ. Партијата ќе бара Венецијанската комисија да се изјасни за правната издржаност на договорот со Грција, најави денеска на прес-конференција пратеникот Драган Данев, според кого, „злоупотребени се процедурите и прекршени се законите“.

Заев: Ни се отвора патот кон ЕУ и НАТО

Повеќе: 

Сите разменија вратоврски, само Иванов си плете свилен гајтан

За договорот, името и изборот

Лекциите од спорот за името

Македонската и грчката влада, предводени од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, на 17 јуни во грчкиот дел на Преспа, во селото Псарадес (Нивици), го потпишаа договорот. Со него се предвидува името на земјата да биде Република Северна Македонија за севкупна и внатрешна употреба, со македонски јазик и македонска националност. Договорот го потпишаа министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, и посредникот на ОН, Метју Нимиц.