1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со пица и вотка најавен молк на оружјето во Сирија

Александер Фрич / ЕМФ10 септември 2016

Оружјето во Сирија треба да молчи од понеделник. Согласност за тоа во Женева постигнаа САД и Русија. Џон Кери зборува за можен пресврт на ситуацијата.

https://p.dw.com/p/1JzjU
Фотографија: picture-alliance/dpa/A.Shcherbak

Изненадување за новинарите кои чекаа со часови: рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред нив се појави без вести, но со пица и ... вотка! Тоа можеби беше знак за она што неговиот американски колега Џон Кери го соопшти неспоредно потоа: во Сирија од понеделник треба да молчи оружјето:

„САД и Русија денеска најавуваат план, за кој се надеваме дека ќе го намали насилството, ќе го намали страдањето и ќе биде пат кон мировни прегвоори и политички пресврт во Сирија. Ако се спроведе, ако сите се држат до него, овој план може да биде вистинска точка на пресврт, почеток на промени“, рече Кери.

За таа цел сириската влада, протежирана од Русија и бунтовниците, кои се под заштита на САД, ќе треба да се држат до планот. Едно договорено примирје во февруари годинава пропадна токму поради тоа.

Овде можете да го погледнете видеото:

Надеж за Сирија

Со оглед на тоа што борбите стануваат сѐ потешки, Кери и Лавров сега сакаат воведување на зона на забранети летови и заеднички мерки против терористичките милиции на т.н. Исламска држава и Ал Каеда.

„Тоа е само почеток на нашето ново партнерство. И, се надеваме дека сите на кои им е важен мирот и целовитоста на сириската држава ќе му дадат поддршка на нашиот план“, рече Лавров.

Партнерството е студено, но е сепак зрак на надеж. За почеток, прекинот на огнот би морало да трае една недела. Ако овојпат успее, тоа би можело да го отвори патот за политичко решение.