Водата носи сигурност и работни места
24 јули 2015Авганистан е една од најсиромашните земји во светот. 80 проценти од населението работи во земјоделство. Но, голем дел од земјата прекрива пустина. И едно подрачје во авганистанската покраина Нангархар некогаш беше пустина. Новата зелена шума и плодна земја е создадена благодарејќи на каналот за наводнување долг 25 километри.
Една јапонска хуманитарна организација во последните години вложи околу 20 милиони долари за да и’ помогне на авганистанската економија да застане на сопствени нозе.
Погледнете го видео-прилогот на оваа тема:
„За да го помогнеме земјоделството во Авганистан верувам дека се потребни повеќе проекти како што е Гамбери. А кога тие проекти ќе напредуваат можеме да постигнеме поголема стабилност и мир во Авганистан.“, вели Хироши Такаши, јапонски амбасадор во Кабул.
Патот до успехот досега беше долг и тежок. талибанците се обидуваа да ги спречат проектите, во 2008. дури убија соработници на оваа хуманитарна организација.
Но, организацијата остана во земјата и денес селаните имаат корист од наводнувањето. Тоа создава нови работни места. Бидејќи, речиси една третина од авганистанскиот брутодомашен производ зависи од земјоделството. Но, ваквите проекти нудат и сигурност.
Асудалах Замир, министер за земјоделство на Авганистан истакнува: „Ако на луѓето им пружиме перспектива, тоа ќе помогне тие да не паднат во рацете на терористичките групи.“
Авганистанската влада со Јапонија со задоволство би започнала уште вакви проекти за наводнување. Бидејќи, и натаму големи делови од земјата ги прекрива пустина. А таа не придонесува за економскиот раст.