Сноуден предложен за Нобелова награда за мир
29 јануари 2014Двајцата членови на норвешкиот парламент во писмо до норвешкиот Нобелов комитет истакнуваат дека поранешниот разузнавач на американската Национална безбедносна агенција НСА Едвард Сноуден заслужува да ја добие Нобеловата награда за мир.
Поранешниот норвешки министер за заштита на животната средина Бард Вегард Солхјел и пратеникот Сноре Вален сметаат дека со откривањето на документите, Сноуден придонел за „постабилен и помирен светски поредок“. Со оваа номинација, Сноуден ќе биде едно од имињата кои ќе бидат разгледани од Нобеловиот комитет за престижната награда. Панелот од пет члена вообичаено не потврдува кој бил номиниран, но понекогаш оние кои ги прават номинациите го соопштуваат тоа.
Сите номинации за Нобеловата награда мора да бидат поднесени до 1 февруари.