Приврзаниците на иницијативата за бојкот на референдумот во Македонија, славеа синоќа во центарот на главниот град. Нивната порака гласаше: Македонците кажаа не за промена на името. Славенички беше и во ВМРО-ДПМНЕ, иако партијата демантираше поврзаност со иницијативата. Премиерот Зоран Заев и покрај неисполнетиот цензус пак говореше за успешен референдум и порача дека сега на потег се пратениците.