Сириските Курди бегаат во Турција
22 септември 2014Уште во неделата Организацијата за бегалци на ОН УНХЦР зборуваше за 75.000 бегалци. Сега бројот е покачен на 100.000, a според турски наводи бројот на бегалците изнесува дури 130.000 луѓе - повеќето од нив Курди. Тие во паника ја напуштаат Сирија во правец kon Турција. Причина е напредокот на џихадистичката група Исламска држава (ИД), која во секоја територија која ќе ја освои воспоставува вледеење на ужас.
Според податоците на Сириската набљудувачка опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, борците на ИД од четвртокот освоиле околу 60 села во Аин ал Араб и ги потиснале курдските борци. Многу луѓе претходно побегнале таму, оти овој град, во споредба со другите места, се сметаше за сигурен. Сега тие повторно стравуваат за својот живот.
Наплив на границата
Во петокот Турција ја отвори границата поради страв од масакр на ИД кога пред границата се собраа илјадници луѓе. Прво Анкара се противеше да допушти Курдите да влезат во земјата. Во Турција, според владини извори, веќе има еден и пол милион бегалци од граѓанската војна во Сирија. Поради големиот наплив на луѓе дојде и до судири.
Во текот на ноќта кон саботата 46 турски заложници на Исламската држава беа ослободени. Турската влада поради овие заложници беше воздржана во борбата против џихадистите.
Курдска алијанса
Во меѓувреме забранетата Курдска работничка партија ПКК ги повика Курдите во Турција на борба против џихадистите на Исламската држава. „Во отпорот нема повеќе граници“, поради што е неопходна мобилизација, се вели во едно соопштение на ПКК. Бегалскиот наплив со тоа го допира турско-курдскиот конфликт. ПКК од Европската унија се смета за терористичка организација.
ПКК на северот на Ирак веќе се бори против џихадистите на страната на курдските пешмерга борци, откако на почетокот на август од Ирак, Турција и Сирија започна заедничка офанзива против екстремистите.
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер во меѓувреме повторно одби силен воен ангжман на Германија во борбата против терористичката милиција Исламска држава во Ирак и Сирија.
САД веќе извесен период спроведуваат воздушни напади против позиции на ИД во Ирак и од пред извесен период за тоа добиваат поддршка од Франција.