1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Синдикатот бара подготовка на работниците за дигитализација

ЕМФ / дв
1 мај 2018

На собирите на Сојузот на синдикатите во Германија се зборуваше за ветувањата на новата влада и предизвиците на технолошките промени.

https://p.dw.com/p/2wy5S
1. Mai - Berlin - Demonstrationen der Gewerkschaften
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. v. Jutrczenka

Мотото на германските синдикати за Денот на трудот годинава звучи традиционално: „Солидарност, разноликост, праведност“. И, се разбира дека околу 500-те собири на Сојузот на синдикатите (ДГБ) ширум Германија се во знакот на барањата за фер плати, повеќе работни места и социјална праведност. Но, собирите беа искористени и за свртување на вниманието кон големите промени што во светот на работата ги носат модерните технологии.

Големиот и влијателен синдикат на индустријата ИГ Метал ги повика претпријатијата во Германија да сторат повеќе за дообразување на работниците со оглед на дигитализацијата на работењето. Повеќе пари и време за квалификација се неопходни за да се биде соодветно подготвен за дигиталните форми на работа, изјави шефот на ИГ Метал, Јерг Хофман на собирот во Касел.

Повеќе: Голем недостиг на работна сила во Германија

Од големата коалиција во Берлин синдикатите бараат брзо спроведување на најавените подобрувања за работниците. „Владата сега мора да испорача резултати“, рече шефот на ДГБ, Рајнер Хофман на собирот во Нирнберг. Според него, не се прифаќаат „никакви исклучоци, никакви задни вратички или тактика на одолговлекување“. Шефот на Сојузот на синдикати подвлече дека веќе нема да се толерираат временски ограничувања на работниот однос и дампинг на плати без тарифни договори.

1. Mai - Nürnberg - Chef des Deutschen Gewerkschaftsbundes (DGB), Reiner Hoffmann
Рајнер Хофман, шеф на германскиот Сојуз на синдикати (ДГБ)Фотографија: picture-alliance/dpa/N. Armer

По повод Денот на трудот, 1 Мај, Сојузниот завод за статистика објави дека 89% проценти од работниците во Германија се задоволни или многу задоволни од својата работа. 33% одговориле дека се многу задоволни. Сепак, фондацијата „Ханс Беклер“, која важи за блиска со синдикатите, предупредува дека не треба да се преценува „позитивната моментална ситуација“. Фондацијата укажува на анкетата на ДГБ од минатата година, која покажа дека 19% од работниците се жалат дека имаат „лоша работа“.

#DE_facto: Како до работа во Германија?