1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СЕХА пандан на Бундеслигата

СН/жа/миа/мф13 април 2014

СЕХА лигата станува сѐ поатрактивна, со придонес на македонските клубови, кои го докажуваат својот квалитет како во оваа така и во Лигата на шампионите. Вардар денеска по трет пат игра во СЕХА финалето.

https://p.dw.com/p/1BhBU
Фотографија: Agentur Makfax

Регионалната ракометна СЕХА лига од следната сезона ќе брои 12 екипи, потврди раководството на лигата на прес конференцијата во Нови Сад, каде се одржува завршниот турнир.

Претседателот на лигата, Михајло Михајловски, изјавил дека покрај Словенците интерес за влез во лигата покажале и Унгарците, Романците и Украинците, но конечната одлука како ќе изгледа лигата во сезоната 2014/2015 ќе биде донесена по 15.јуни, кога ќе завршат националните првенства.

„Императив ни е да станеме пандан на Бундеслигата, а тоа, меѓудругото, ќе го постигнеме со проширувањето на лигата“, рекол на Собранието Михајловски.

За зголемената атрактивност на регионалната лига несомнено улога играат и успесите на македонските клубови Вардар и Металург во европската Лига на шампионите, како и квалитетните настапи во СЕХА лигата. Покрај пласманот во четвртфиналето во ЛШ македонскиот ракометен шампион Вардар денеска по третпат ќе игра во финалето на СЕХА лигата кое се игра во Нови Сад. Противник на патот до втората титула во регионалното првенство ќе му биде белорускиот тим Брест Мешков. Финалниот натпревар започнува во 18 часот и 30 минути.