1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сепаратистите се прогласија за победници на изборите во источна Украина

М. Лангер (дпа,ртр,афп)/ А.Трајковска3 ноември 2014

Дали е тој претседател во сенка на Украина? Александер Захарченко победи на гласањето во самоименувата „Народна Република Доњецк“. Но, признание ќе добие само од Москва.

https://p.dw.com/p/1DfvJ
Фотографија: Alexander Khudoteply/AFP/Getty Images

За прорускиот командат на бунтовниците Захарченко (на насловната фотографија) гласаа повеќе од 81 проценти од граѓаните, кои учествуваа на изборите, како што произлегува од анкета спроведена по гласањето. Набљудувачите уште пред изборите речиси и да немаа сомнежи дека 38 годишниот поранешен електричар ќе победи на изборите, кои Западот не ги признава. Захарченко е веќе премиер на „Народната Република Доњецк“, прогласена од бунтовниците. Неговите противници, кои се исто така сепаратисти, речиси не настапуваат во јавноста.

Плотницки води во Луганск

Во соседната „Народна Република Луганск“ изборите во своја корист ги доби Игор Плотницки, како што може да се слушне во градот. Бунтовниците со овие избори сакаат да ги зацврстат своите позиции во регионите Доњецк и Луганск за да ја демонстрираат својата независност од владата во Киев. Киев не се стремел кон никаков мир, се изјасни Захарченко.

Украинската влада како и многу западни држави изборите ги смета за нелегални. Русија напротив потврди дека ќе ги признае резултатите. За тоа на украинскиот претседател Петро Порошенко нема разбирање. Овие избори биле фарса и биле спротивни на договорот од Минск, кој го потпишала и Москва.

Ostukraine Wahlen Wahllokal Wähler 02.11.2014
Избирачко место во ДоњецкФотографија: picture-alliance/AA/Tavakkul Abdullaev

Паралелно со претседателските избори во Доњецк и Луганск се одржаа и парламентарни избори, на кои според податоци на бунтовниците учествувале околу три милиони граѓани. На парламентарните избори во „Народна Република Доњецк“ партијата на Захарченко „Република Доњецк“ добила 65 проценти од гласовите, соопшти шефот на Изборната комисија, Роман Лијагин. „Овие избори се важни бидејќи ја легитимираат нашата власт и нѝ даваат поголема дистанца од Киев“, подвлече шефот на Изборната комисија.

Без набљудвачи

Изброите не ги надгледуваа меѓународни набљудувачи, исто така не беше утврдена граница на најниско дозволено учество. ОН ги критикуваа изборите како „пречка за мировните преговори“. Исто така и владата на САД ја повтори критиката на гласањето. Изборите не би смееле да бидат изговор за Москва да испрати нови трупи или да испорача оружје за сепаратистите. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер ја повика Москва, да го искористи своето влијание за да придонесе за мирно решавање на конфликтот во Украина. Штајнамер на маргините на неговата посета на Џакарта за ДВ оцени дека т.н. избори биле спротивни на спогодбата од Минск. „Од наш агол не смеат да бидат допрени суверенитетот и територијалното единство на Укриана“.

Новата шефица на европската дипломатија Федерека Могерини исто така оцени дека изборите во конфликтниот регион во Украина се „негелани и бесправни“. Таа ги смета изборите за нова пречка на патот кон мирот во Украина. ЕУ нема да го признае гласањето и натаму ќе работи на тоа да ја реши кризата во Украина. Во меѓувреме украинските медиуми во неделата проширија видео-материјал, на кој се гледаат повеќе десетици воени возила без регистерски таблички. Притоа се вели дека тоа била „руска колона на пат кон Доњецк“.