1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сенките на Доналд Трамп

Миодраг Шориќ/превод:ЖА10 мај 2016

Веројатниот претседателски кандидат на Републиканците Доналд Трамп внесува поделби во самата партија, бројни политичари му вртат грб. Сепак, ни се доѓа нешто или не: победникот е секогаш во право, смета Миодраг Шориќ.

https://p.dw.com/p/1IktU
Фотографија: Getty Images/J. J. Mitchell

Она што зајакнува, се победите. Доналд Трамп успеа да се избори за кандидатура во Републиканската партија на предизборите за американските претседателски избори. И тоа против 16 други кандидати меѓу кои имаше сенатори и гувернери. Ретко некој експерт го предвиде ваквиот успех на бизнисменот. На тоа треба да се потсетат сите во Вашингтон кои сега предвидуваат дека Трамп нема да стане претседател.

69-годишниот новајлија во политичкиот живот со својот слоган „Америка пред се‘“, погодува во нервот на времето. Тој не прецизира за што конкретно се ангажира во надворешната политика, иако некои знаци веќе нешто отсликуваат . Така, стабилноста е централен поим во светот на Доналд Трамп, а не демократијата и почитувањето на човековите права. Тоа е значајно или алармирачко, зависно од тоа на која позиција ќе дојде некој.

Аплауз од Москва

Рускиот претседател Владимир Путин веќе запеа песна во слава на Трамп. И републиканскиот претседателски кандидат дава на знаење: тој би можел да „работи“ со Путин. Изборот зборови потсетува на бившата британска премиерка Маргарет Тачер. Таа во 1984. година беше целосно одушевена од Михаил Горбачов, тогашниот нов човек во Кремљ. Инаку ќерка на колонијален трговец, таа во телеграмата упатена до Белата куќа, употребила ваква формулација: „Со Горбачов може да се работи“.

Soric Miodrag Kommentarbild App
Миодраг Шориќ

Споредбата на две работи не значи и нивно изедначување. Путин не е Горбачов. Сепак, расте копнежот на бројни Американци неколку земји да се грижат за стабилноста во светот кој станува се‘ покомплициран. Испитувањето на јавното мислење потврдува: Американците не сакаат да работат на „nation building“ во прекуморските земји. Тие улогата на „светски полицаец“ ја доживуваат како оптоварување, првенствено во финансиски смисол. Зошто да се градат училишта или улици во Авганистан кога пропаѓаат училиштата во сопствената земја?

Трамп ја отфрлува американската интервенционистичка надворешна политика од последните 25 години и истовремено го доведува во прашање политичкиот суд на својата конкурентка Хилари Клинтон. Крајно, таа гласаше за војна во Ирак, која американските даночни обврзници ги чинеше билион долари. Клинтон е соодговорна за катастрофата во Авганистан, анархијата во Либија, за безизлезната ситуација во Сирија, расколот со Русија, меѓународно распространетиот тероризам на исламистите, вели Трамп.

Помалку идеализам, повеќе прагматизам: така изгледа светот на Трамп. Нема трошење пари на американските даночни обврзници за некаде да се соборува режим или да се шири демократија. Уште повеќе: државите кои сакаат американска заштита, мораат да платат за тоа. Или да посегнат подлабоко во џебот отколку досега. Неговите избирачи го сакаат поради овие зборови. Владите во Јужна Кореја, во Јапонија, во Саудиска Арабија или главните градови-сојузници во НАТО се надеваат дека Трамп ќе загуби на изборите наесен.

Трамп политизира, па што?

Во меѓувреме на тоа се надеваат дури и некои Републиканци. Трамп врши раскол во партијата. Неговите испади против Мексико, против Латиноамериканците воопшто или против слободната трговија, бројни конзервативни Американци ја сметаат за претерана. Трамп тоа не го вознемирува. Тој си дава себе си време за да ги „испегла“ своите позиции. Времето работи за него. Зашто, ни естаблишментот не може да го игнорира гласањето на партиската база.

Хилари Клинтон досега не успеа да профитира од неединството на Републиканците. Првенствено, зашто таа нема порака која дејствува врз гласачите. Во најдобар случај, нејзината порака изгледа во стилот „да продолжиме вака“. Таа означува трет мандат на Обама, само без Обама. Дури и ако Трамп не влезе во Белата куќа, во чиј прилог зборуваат некои работи, ни претседателката Клинтон нема да може целосно да се спротистави на новиот духот на времето.