1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Сенки“ во Берлин

Силвера Падори29 ноември 2008

Во Берлин почна фестивалот Балкан Блек Бокс, посветен на културата од Балканот. Годинава Македонија се претставува со филмот „Сенки” на Милчо Манчевски кој ќе биде прикажан денеска (29.11.2008).

https://p.dw.com/p/G2IW
Германската престолнина, Берлин-домаќин на балканската култураФотографија: DW

Освен згуснатата програма која наместо во седум, ќе биде во четири дена годинешното издание на Балкан Блек бокс фестивалот во Берлин ги задржа стандардните обележја: презентира музика, филмови, изложби, литераура и перформанси од земјите од Балканот.

„Сенки“- претставник на Македонија

"

Од Македонија годинава го имаме најновиот филм на Милчо Манчевски “Сенки”. Филмот како е познато е завршен 2007 и во сабота е неговата германска премиера", вели првиот човек на фестивалот, Андреас Кнот. Тој притоа ја истакнува подготвеноста на Милчо Манчесвки да му го отстапи филмот за фестивалот.

„Секако би се радувале доколку постоеше можноста и тој да биде тука“, вели Кнот.

Инаку “Сенки” е само еден од филмовите во богатата програма во која се наоѓаат и најдобрите краткометражни остварувања и од Хрватска, како и филмови посветени на 40 годишнината од “Белградската пролет”, кои ги обезбеди Академскиот филмски центар од Белград.

Во делот на перформанси и сценски изведби свои претставници има Бугарија, додека Словенија се презентира со џез и електронска музика.

Поради финансиските проблеми на фестивалот нема македонски музичари

"

На 29 -ти ноември ја организираме Балканската бит прослава по повод Денот на Републиката, поранешниот празник на Југославија“, дополнува Кнот. На оваа традиционална забава во Берлин познатите диџеји Роберти Марко своите фанови ги водат низ музичкиот времеплов со најблескавите претставници на југословенскиот рок. Андреас Кнот жали што на фестивалот нема македонски музичари.

„Многу го сакам бендот Фолтин. Ја познавам нивната работа и тоа се одлични музичари. Се беше испланирано да бидат гости на фестивалот. Но, за жал шансата е пропшутена поради финансиските проблеми со кои се соочува фестивалот. Освен Фолтин добредојден е и Тони Китаносвки. Се надевам дека тие ќе бидат во Берлин наредната година“, вели Андреас Кнот првиот човек на фестивалот Балкан Блек Бокс