1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Седницата почна, опозицијата исфрлена од Собранието

Катерина Блажевска24 декември 2012

Во Собранието почна седницата за усвојување на буџетот за 2013 година. Претходно новинарите од сите медиуми беа избркани од собраниската галерија.

https://p.dw.com/p/178W4
Фотографија: AP

„Не туркаа, не бркаа како да сме нејголеми криминалци. Ги прашавме зошто го прават тоа, но не ни дадоа никакво објаснување", вели претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Насер Селмани.

Потоа од собраниската сала со специјално обезбедување биле избркани и пратениците од опозициските партии. Пред неколку минути пратеничката Радмила Шекеринска била однесена во собраниската амбуланта.

„На раце ја носеа четворица пратеници од СДСМ", сведочат новинарите кои останаа во собраниските ходници.

„Со сила не избркаа од салата. На пратениците Шекеринска и Митре Велјановски им беше неопходна итна помош. Не знам во каква состојба се", изјави пратеникот и портпарол на СДСМ Емилијан Станковиќ.

Салата во делот во кој е опозоцијата е празна. Во неа освен владејачките партии се и пратениците од ДПА.