1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Северна Кореја не сака вакцини од Ковакс

СН/агенции
1 септември 2021

Властите во Пјонгјанг и натаму тврдат дека во земјата не е регистриран ниту еден случај на Ковид-19. Тие им предложиле на ОН, вакцините наменети за земјата од Ковакс механизмот да им бидат дадени на други земји.

https://p.dw.com/p/3zlec
Symbolbild Coronavirus in Nordkorea | Pjöngjang
Во Северна Кореја се спроведуваат остри превентивни мерки против коронавирусот.Фотографија: KIM WON JIN/AFP/Getty Images

Властите во Северна Кореја предложиле програмата на ОН за дистрибуција на вакцината против коронавирусот преку Ковакс механизмот, ваквините наменети за земјата, кои се речиси три милиони, да им ги подари на земји со сериозна епидемија и додале дека можат да се пофалат со совршена борба против овој вирус.

Од програмата на ОН за деца, Уницеф, која набавува вакцини во име на Ковакс, вчера соопштија дека севернокорејското Министерство за здравство порачало оти 2,97 милиони дози од вакцината на Синовак, кои се наменети за земјата, треба да ги испорачаат на други земји.

Доставени првите вакцини од програмата Ковакс

Министерството додало оти ќе го продолжи контактот со Ковакс во наредните неколку месеци. Ковакс одреди и 1,9 милиони дози од вакцината на АстраЗенека за Северна Кореја, но испораката доцни.

Стручњаците сметаат дека Северна Кореја и натаму е насочена кон строги карантини и гранични контроли за да го спречи ширењето на вирусот, а изгледа дека вакцините во оваа земја се секундарен приоритет.

Властите на Северна Кореја соопштија оти немаатниту еден случај на зараза со коронавирусот, а во еден извештај се наведува дека во земјата од 19 август се тестирани 37.291 лице и оти ниту едно не било позитивно на Ковид-19.