1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна и Јужна Кореја повторно водат директни разговори

ЕМФ /агенции
9 јануари 2018

Првата средба по две години донесе мало релаксирање на односите - Северна Кореја најави дека ќе испрати делегација на Олимписките игри во Пјонгчанг. За возврат Јужна Кореја предлага разговори за хуманитарни прашања.

https://p.dw.com/p/2qXnQ
Südkorea Gespräche zwischen Nord- und Südkorea in Panmunjom
Фотографија: IANS

На првите директни разговори по повеќе од две години, Северна и Јужна Кореја постигнаа мало приближување. Северна Кореја најави дека ќе испрати висока делегација со државни функционери и спортисти на Зимските олимписки игри во Пјончанг во февруари, изјави јужнокорејскиот заменик министер за повторно обединување Чун Хае Сунг. Тој уште информираше дека неговата влада предложила разговори меѓу армиите на двете земји, со цел да се намали тензијата на полуостровот. Освен тоа, во февруари би требало да има и повторно обединување на семејства разделени за време на Корејската војна.

Првите формални разговори меѓу двете корејски држави од декември 2015 година се следат со внимание поради нуклеарниот конфликт со владата во Пјонгјанг. Средбата се одржа во граничното место Панмунџом, каде во 1953 година со склучување договор за прекин на огнот беше ставен печат на Корејската војна. Со оглед на тоа што двете држави немаат склучено мировен договор, тие официјално сѐ уште се наоѓаат во воена состојба.

Südkorea Gespräche zwischen Nord- und Südkorea in Panmunjom
Први директни разговори на Северна и Јужна Кореја по две годиниФотографија: picture-alliance/dpa/YNA

Во текот на изминатите месеци поради ракетните и нуклеарни тестови на Северот, се зголемија тензиите во регионот. Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп постојано упатуваа закани еден кон друг. САД се заштитна сила на Јужна Кореја и таму имаат стационирано 28.500 војници. Северна Кореја постојано се закануваше дека ќе ги уништи Јужна Кореја, Јапонија и САД.

Повеќе на темата: 

Трамп: „Моето нуклеарно копче е поголемо“

-Кина и САД во кавга поради Северна Кореја

Јужнокорејските истражувачки институти кон крајот на претходната година претпоставија дека Северна Кореја во новата година ќе бара дијалог. Овој чекор би требало да ги дефинира можностите за релаксирање на состојбите. Јужнокорејскиот претседател Мун Џае изрази надеж дека ќе се создаде основа за редовни разговори и дека во преговорите ќе може да се влијае врз Северна Кореја да се откаже од атомската програма.

Американскиот претседател Трамп му изрази поддршка на Мун и рече дека е подготвен на разговори со Ким, но уште еднаш потенцираше дека неговата тврда линија кон Северна Кореја нема да се промени доколку Пјонгјанг не се откаже од атомската програма.