1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот се сеќава на „Денот Д“

ЕМФ/дпа/дв6 јуни 2014

Прославата на 70-годишнината од истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија е засенета од конфликтот во Украина. Сите очи се насочени кон шефот на Кремљ, Владимир Путин.

https://p.dw.com/p/1CDkS
Фотографија: Damien Meyer/AFP/Getty Images

Со низа свечености шефовите на држави или влади од цел свет денеска го одбележуваат истоварувањето на сојузничките сили на Нормандија пред 70 години, со што беше направен пресврт во Втората светска војна. Францускиот претседател Франсоа Оланд и американскиот претседател Барак Обама зборуваа на гробиштата на кои се закопани 4400 американски војници загинати на „Денот Д“. Обама нагласи дека светот „може да биде вечно благодарен“. Шести јуни 1944 година беше почеток на ослободувањето на Европа од националсоцијализмот.

Францускиот претседател Оланд на гробиштата во Колвил-сур-Мер потенцираше дека истоварувањето на Нормандија останува обврска за светот и денес да работи на мирот. „Денот Д“ го „промени светот“, рече Оланд.

D-Day Feier 06.06.2014 Obama mit Veteranen
Обама зборува пред ветеранитеФотографија: Reuters

Американскиот претседател Обама денеска во рамки на свеченостите се поклони пред повеќе стотици ветерани и рече: „Господа вашето присуство овде не‘ исполнува со понизност.“ На 6 јуни 1944-та се бранеа демократијата и слободата. „Ова барање стои напишано со крв на овој брег“, рече Обама, по што многумина од присутните станаа и апалудираа.

Прославата на Нормандија е засенета од конфликтот во Украина. Првпат по анексијата на Крим од страна на Русија во март годинава, германската канцеларка Ангела Меркел имаше средба со рускиот претседател Владимир Путин. Тие кусо се поздравија, а атмосферата беше студена. Двајцата попладнево, инаку, присуствуваат на централната свеченост во Уистреам, заедно со уште дваесетина други шефови на држави или влади.