1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот има се‘ помалку време за првоаприлски шеги

Ралф Геде/ Жана Ацеска1 април 2012

Оној кој на први април ќе „наседне“ на измислица, ќе биде исмеан. За жал, европскиот обичај за првоаприлски шеги како полека да изумира, што е навистина штета!

https://p.dw.com/p/14W0u
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кој, кога и каде првпат ја вовел првоаприлската шега, не е познато. Некои веруваат дека тоа бил празник на старите Римјани, кои со оргии ја славеле божицата Венера. Друго објаснување ја споменува одлуката на парламентот во Аугсбург, со која на први април 1530-та година многумина шпекуланти „останале со кратки ракави“ и биле изложени на потсмев.

Најприфатлива е варијантата дека првоаприлските шеги ги вовел францускиот крал Карл деветти. Во рамките на реформите на Грегоријанскиот календар, тој во 1564-та година прославата на Нова година ја преместил од први април на први јануари, што многумина тогаш не го ни забележале.

Ufo mit vier Außerirdischen
Уметничка шега-наводен вселенски брод со вонземјани во паркот кај БауценФотографија: picture-alliance/ ZB

Во раните денови на првоаприлските „подметнувања“, шегите изгледале сосем поинаку. Оној кој бил мета на шега, бил праќан на пример на далечен пат да донесе нешто што воопшто не постои. Во 17-ти и 18-ти век важеле јасни општествени правила на кои морале да се придржуваат и оние кои смислувале шеги за своите пријатели. Така, возрасните смееле да се исмеваат со децата, но не и обратно.

Медиумите измислуваат приказни

Како и многуте други традиции, и првоаприлските шеги се доста променети.

„Ние во голем дел нашето разбирање за хумор го делегиравме врз медиумите. Се смееме на она што го гледаме на телевизија или слушаме на радио и имаме општествена елита која на медиумско поле повторно ја открива првоаприлската шега“, вели етнологот Гинтер Хиршелдер.

Spaghetti-Ernte
„Жетва“ на шпагетиФотографија: BBC

Така на денешниот ден на шегата евентуално ќе бидеме изкагани само од страна на медиумите со лажни вести или приказни. Легендарни се триковите на БиБиСи. На први април 1957-ма година оваа телевизија известуваше за жетва на шпагети во Тесин. Запрепастените гледачи на екраните можеа да видат како швајцарските селани берат шпагети од дрвјата. Голема тревога во 2007-ма година предизвика и веста дека „Хаос компјутер клубот“ пронашол Тројански вирус кој приватните податоци за данокот ги испраќа во Службата за борба против криминалот во Германија.

Се‘ поретки класичните проаприлски шеги

Во секојдневниот живот првоаприлските шеги станаа вистинска реткост. Вината за тоа според Гинтер Хиршфелдер треба да се бара во зголемувањето на притисокот и забрзаното темпо на работа. Луѓето денес немаат врема за шеги. Притоа, за првоаприлски шеги е потребен директен контакт.

Symbolbild Lachen, From the Fringe
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Денес голем дел од меѓусебните контакти се одвива на вируелен план, преку интернет и телефон, што ги оневозможува првоаприлските шеги зашто таквиот начин на комуникација ја елиминира можноста да се види запрепастеното лице на оној кого сте го излагале. Тоа бара реална ситуација, а не дигитална“.

Французите пак оваа традиција ја негуваат до денес на необичен начин. Тие на први април се обидуваат некому на грбот да му залепат парче хартија со порака, на која на пример пишува „Грд“ или „Удри ме“.