Пожарот кај селото Будинарци во општина Берово и натаму е активен. Македонските власти се надеваат дека тој денеска целосно ќе биде изгаснат со ангажманот на над 500 лица, како од земјата така и од Австрија, Словенија и Бугарија. Жителите на Будинарци се многу благодарни на помошта од Австрија и Словенија. Но и тие се трудат да им возвратат на пожарникарите на сите можни начини.