1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Саудијците не исклучуваат воени напади врз Иран

БГ
19 септември 2019

Саудискиот амбасадор во Германија денеска изјави дека сите опции се на маса како одговор на нападите врз рафинериите во Саудиска Арабија за кои кралството го сомничи Иран.

https://p.dw.com/p/3Pr2s
Saudi-Arabien | Nach Angriff auf Ölanlagen in Saudi-Arabien
Фотографија: picture-alliance/dpa/Bildfunk/A. Nabil

Воени напади врз Иран од страна на Саудиска Арабија не се исклучуваат, изјави утрово саудискиот амбасадор во Берлин, Принцот Фаисал бин Фархан ал-Сауд.
„Секако, се е на маса, но најпрво мора да разговараме за тоа“, одговори тој на прашањето дали се размислува за воени напади врз Иран.
„Се уште утврдуваме од каде биле лансирани нападите, но од каде и да дошле, Иран е сигурно зад нив, затоа што Иран ги произвел и можеле да бидат лансирани само со помош на Иран“, вели амбасадорот.
Во средата, властите во Саудиска Арабија ги покажаа остатоците од, како што велат, иранските дронови и крстосувачки ракети кои биле користени во нападите врз рафинериите, и според нив, тие се несоборлив доказ за иранската агресија.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска порача дека Саудиска Арабија „има право да се брани“, опишувајќи го нападот како „прогласување војна“.
Нападите врз рафинериите ги разгореа стравовите од поширок конфликт во регионот, откако тензиите веќе нараснати поради пропаста на нуклеарниот договор со Иран. 

Повеќе на темата: 

Иран - регионална сила на Блискиот Исток 

Се заканува ли војна меѓу Саудиска Арабија и Иран? 
Иранските власти демантираат дека имаат било каква врска со нападот, и се заканија дека ќе возвратат доколку бидат нападнати. 
Американскиот претседател Доналд Трамп досега не се изјасни дали ќе нареди американска акција против Иран. Во средата тој соопшти дека ќе ги засили финансиските санкции против Иран поради нападите. 
Јеменските Хути бунтовници, кои веќе четири години војуваат против владата поддржана од Саудиска Арабија, ја презедоа одговорноста за нападите врз рафинериите, но нивните тврдења засега никој не ги зема сериозно.
Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан, смета дека тврдењето на јеменските бунтовници „нема кредибилитет“.
САД како и Саудиска Арабија веќе отворено го обвинија Иран зад нападите, иако истрагата се уште трае.