Самит во Женева околу нуклеарната програма на Иран
9 февруари 2005Европското трио на конрефенцијата во Женева повторно го предупредува Иран околу неговата нуклеарна програма. Претходно Техеран се согласи да ги прекине активностите за програмата за збогатување ураниум во замена за соработка со земјите членски на Унијата во областа на технолигијата. Иран инсистира програмата да биде замрзната одреден период, додека Париз, Берлин и Лондон најавуваат целосен прекин.
Трите земји инсистираат на ставот што го даде шефот на Агенцијата за атомска енергија, Мохамед Ел Барадеј, кој со две писма уште во декември го предупреди официјален Техеран околу неговата мистериозна нуклеарна програма, соопшти на состанокот висок западен дипломат.
Во Брисел,пак, високиот европретставник Хавиер Солана посочи дека Европејците се сериозни во своитре барања и дека Унијата се надева на дипломатско решение .
,, Сериозноста на двете страни е неопходна,, посочи Солана , но од друга страна ирачкиот претставник Хасан Ројани одговори дека доколку преговорите не напредуваат, офоицијален Техеран не е обврзан да ги продолжи.
Убедувањето на европските земји, Техеран да се откаже од збогатувањето ураниум што би можел да послужи за проиѕводство на нуклеарно оружје, следат по најавите од САД за можен напад на Иран доколку земјата не се откаже од својата нуклеарна програма.