1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ќе задржат дел од војската во Авганистан

БГ/макфакс/афп28 мај 2014

Претседателот на САД, Барак Обама ќе побара во Авганистан да останат 9.800 американски војници и по завршувањето на мисијата во таа земја кој крајот на годинава. Тие ќе бидат повлечени до 2016 година

https://p.dw.com/p/1C7zo
Фотографија: Reuters

Американскиот претседател Барак Обама потврди дека американските војници во извесен обем ќе останат во Авганистан до крајот на 2016 година, меѓутоа предупреди дека тој распоред ќе зависи од судбината на Билатералниот договор за безбедноста, кој треба да го потпише новиот авганистански претседател.

Во текот на говорот во Белата куќа, американскиот претседател Барак Обама изјави дека одлучил да задржи 9.800 американски војници во Авганистан по завршувањето на борбената мисија на меѓународните сили предводени од НАТО до крајот на 2014 година и пред целосното повлекување две години подоцна, или пред завршувањето на неговиот втор претседателски мандат.

„Американската воена мисија ќе заврши до крајот на оваа година. Од почетокот на наредната Авганистанците целосно ќе бидат одговорни за безбедноста на својата земја. Американските војски ќе ја имаат улогата на советници, повеќе нема да патролираат низ градовите, планините и долините на Авганистан, тоа е задача на авганистанскиот народ“, изјави ОБама.

Според него, американската армија ќе и помогне на авганистанската да ја запре активноста на Ал Каеда. До крајот на 2015 година американскиот контингент ќе биде концентриран на главниот град Кабул и блиската воздухопловна база Баграм, а до крајот на 2016 година само на војниците кои ќе ја обезбедуваат сигурноста на амбасадата на САД во Кабул, прецизира Обама.

Прашањето на потпишувањето на Билатералниот договор за безбедноста предизвика тензии меѓу Вашингтон и Кабул, откако авганистанскиот претседател на заминување Хамид Карзаи одби да го прифати договорот. Одбивањето на Карзаи да го потпише договорот, со кој се регулира и судската надлежност во врска со активностите на американските војници, го предизвика гневот на САД кои се заканија со ткн „опција нула“, односно не задржување на ниту една единица во Авганистан по 2014 година.