1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД бараат да се заштити пасошкиот систем

ДТЗ
16 април 2021

Американската амбасадорка Кејт Брнз ваквата порака му ја пренела на Оливер Спасовски, од кој се бара да го заштити интегритетот на системот за издавање документи.  

https://p.dw.com/p/3s88u
USA Washington D.C. Kapitol Kongress Regierung
Фотографија: Carolyn Kaster/AP Photo/picture alliance

По последната акција во која беа уапсени повеќемина полициски службеници поради издавање на пасоши солажен идентитет на криминалци барани по потерници, САД денеска испратија порака дека мора да се заштити системот за издавање патни исправи. Американската амбасадорка Кејт Брнз на средбата со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потенцирала дека е многу важно да го заштити интегритетот на системот за издавање пасоши на С. Македонија.
„Свесни за комплексноста на случајот со пасошите и потребата да се осигура темелна истрага, амбасадорката ја нагласи важноста да се заштити интегритетот на системот за издавање пасоши на Северна Македонија. Амбасадорката и министерот се согласија дека е важно да се изолира овој и другите неодамнешни случаи од политиката и да се осигура независна и брза истрага“, се вели во соопштението на Американската амбасада во Скопје.

-повеќе на темата: Обвинение против 11 лица за пасошите со лажен идентитет

Од амбасада истакнуваат дека три децении, со различни влади, Амбасадата на САД е партнер на МВР, како и на другите владини министерства и институции во С. Македонија за остварување на заедничките цели во спроведување на законот и владеење на правото, вклучувајќи техничка и форензичка поддршка на специфични случаи и обука и опрема за зајакнување на капацитетите на институциите.

Oliver Spasovski, Prämierminister Nordmazedoniens
Оливер Спасовски е многу важно да го заштити интегритетот на системот за издавање пасоши на С. Македонија, смета САДФотографија: Regierung Nordmazedoniens

„Сите овие активности придонесуваат за зголемена безбедност, поголема транспарентност и способност да се истражува и гони јавна корупција и тероризам, како и случаи на транснационален и организиран криминал“, велат од Амбасадата на САД. Случајот со пасошите беше обелоденет неодамна, а полицијата информираше дека на него се работело подолго време. Сомнежите се дека групата изработила 215 македонски пасоши со туѓ идентитет, од кои 214 биле за странски државјани.

Од МВР информираа дека на средбата станало збор и за техничката помош која Амбасадата на САД во Скопје континуирано ја дава на МВР во јакнење на капацитетите на полицијата преку програмите ИЦИТАП и АТА. „Во изминатите три децении, МВР и Амбасадата на САД соработуваа со цел да се постигнат заедничките цели во спроведувањето на законот и владеењето на правото, вклучително и обезбедување техничка и форензичка поддршка за конкретни случаи и обука и опрема за зајакнување на капацитетите на МВР. Сите овие активности придонесуваат за зголемена безбедност, поголема транспарентност и можност за истраги и гонење на корупција, тероризам, како и случаи на транснационален и организиран криминал“, соопшти МВР.