1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД сакаат да испратат војници на границата со Мексико

СН/ агенции
26 октомври 2018

Како реакција на масовното бегство од земјите на Централна Америка, САД имаат намера да испратат стотици војници на границата со Мексико. Тие таму треба да преземат логистички задачи, се вели во Вашингтон.

https://p.dw.com/p/37EQA
USA, Texas, Brownsville: Agenten der U.S. Border Patrol Tactical Unit bewachen die Grenze zu Mexiko
Фотографија: Reuters/A. Latif

Американскиот министер за одбрана Џим Матис се очекува да ја потпише наредбата за испраќање на најмалку 800 војници на јужната граница со Мексико со цел да ја поддржат граничната патрола, изјави претставник на министерството.

Војската треба да помогне во безбедносните операции како одговор на карванот мигранти од Централна Америка, главно од Хондурас, кои преку Мексико се упатија кон американската граница.

Повеќе:

-Егзодус од Централна Америка: карванот се движи кон САД

-Бегалскиот карван на пат кон САД и покрај заканите на Трамп

Матис одговара на барањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој изјави дека ќе ја прати војската да се соочи со итната ситуација на границата. Дополнителниот воен контигент треба да обезбеди само логистичка поддршка на пограничната патрола, рече неименуван претставник на министерството за одбрана. Тука се вклучени сретства како што се возила, шатори и друга опрема. На границата се наоѓаат околу 2.000 припадниците од Националната гарда кои помагаат во чување на границата според поранешниот аранжман на Пентагон.

Припадниците на војската нема да бидат овластени да ја контролираат границата и да вршат апсења на мигрантите кои илегално је преминуваат границата. За тоа имено е потребна специјална дозвола од Конгресот, која во случајов изостанува. Оваа мерка повеќе треба да се набљудува како политички сигнал од Вашингтон.