1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД предупредуваат да не се користи Интернет Експлорер

ЕМФ/ард29 април 2014

Поради безбедносни проблеми на Ескплорерот, американската влада советува засега да се користат други пребарувачи. Проблемите во верзиите 6 до 11 на Експлорерот се толку големи, што можат да предизвикаат огромни штети.

https://p.dw.com/p/1BqZQ
Фотографија: Getty Images

Проблемите во верзиите 6 до 11 на Интернет Експлорерот на Мајкрософт се толку големи, што можат да предизвикаат огромни штети, предупредува Министерството за внатрешни работи на САД.

Мајкрософт на викендот призна дека има проблеми и дека се работи на нивно отстранување. Според наводи на концернот, слабата точка е погрешно програмиран пристап до внатрешната меморија. Преку препарирана интернет страница која корисниците ја отвораат и користат со Експлорер, напаѓачите можат да си обезбедат пристап до компјутерот и таму да инсталираат штетни кодови, а можеби дури и да ја преземат контролата врз компјутерот. Слабата точка веќе е злоупотребувана.

Безбедносната „дупка“ е прв голем проблем од ваков вид откако Мајкрософт на почетокот на месецов запре со поддршката за Windows XP. Тоа значи, дека компјутерите кои работат на оперативниот систем Windows XP ќе го имаат истиот проблем, односно ќе бидат во иста опасност, и по неговото отстранување.