1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД мора да објават документи за нападите со беспилотни летала

АТ/ афп/дпа/ард22 април 2014

Владата на САД мора да објави важни документи за спорните напади со беспилотни летала на војската. Оваа одлука ја донесе Апелациониот суд и со тоа ја одобри тужбата на „Њујорк Тајмс“.

https://p.dw.com/p/1BmD6
Фотографија: picture-alliance/dpa

Конкретно се работи за документи со кои се правдаат нападите со беспилотни летала против осомничени за тероризам и со тоа исто и против граѓани на САД. Весникот и двајца негови новинари укажуваќи на слободата на печатот бараа да бидат објавени документите. Тие, според судската одлука, во големи делови сега треба да бидат достапни.

Во тужбата стануваше збор пред сѐ за оние документи, кои го образложуваат целното убивање на Ансвар ал Авалки во 2011 година во северен Јемен. Тој во повеќе наврати јавно ја прозва американската влада дека ги влечела конците во различни напади.

Тројцата судии образложувајќи ја својата одлука меѓу другото истакнаа дека содржините на досега тајните документи веќе биле повеќепати јавно цитирани - меѓу другото и од претседателот на САД Барак Обама. Освен тоа, тужителите „не сакале да ја стават под знак прашање легалноста на нападите со беспилотни летала“, туку барале информации за тоа.

САД во Пакистан и други земји постојано употребуваат борбени беспилотни летала во борбата против лица за кои се смета дека биле исламистички екстремисти. Оваа постапка е оспорувана, меѓу другото, бидејќи постојано гинат и цивили. Американската влада меѓутоа опстојува на тоа, дека беспилотните летала биле легални и меѓу другото во голема мера ја заслабиле терористичката мрежа Ал Каеда.