САД бараат затворање на рускиот конзулат во Сан Франциско
1 септември 2017Односите меѓу САД и Русија, кои и онака не се најдобри, добиваат нов товар. САД од Русија побараа затворање на нејзиниот конзулат во Сан Франциско. Освен тоа, мора да бидат затворени и две дипломатски одделенија во Њујорк и Вашингтон, каде, меѓу другото, се сместени трговските мисии. Одлуката е донесена следејќи го „основното начело на рамнотежа“, откако Москва побара редуцирање на дипломатскиот персонал на САД во Русија, се вели во Вашингтон.
Американското Министертсво за надворешни работи со одлуката има намера да стави „крај на ѓаволскиот круг“ на постојано влошување на односите меѓу двете земји. Министерството изрази надеж дека ваквата одлука нема да повлече „нови репресалии“ со себе.
Барањето на САД има за цел да постигне израмнување на дипломатските капацитети, откако САД го исполнија барањето на Русија. „Сметаме дека оваа акција беше неоправдана и на товар на односите на двете земји“, соопшти портпаролката на Министерството за надворешни работи на САД, Хедер Науерт. На тој начин секоја од двете држави ќе има по три конзулати во другата земја.
Како реакција на новите американски санкции, Москва на крајот на јули побара 755 американски дипломати и вработени во амбасадата и конзуларните претставништва да „запрат со своите активности“ во Русија до 1 септември. Денеска истекува рокот за американските дипломати за напуштање на Русија. Американскиот Сенат донесе долука за нови санкции против Русија за да ја казни анексијата на Крим и руските хакерски напади за време на предизборната кампања во САД.
Русија изрази жалење
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изрази жалење проади најновата ескалација. Тој во телефонскиот разговор со американскиот колега Рекс Тилерсон, како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, рекол оти неговата не земја не почнала прва. Тилерсон му се јавил на Лавров за да го информира за одлуката на Вашингтон, се вели во соопштението.
Новиот руски амбасадор во САД, Анатоли Антонов, по неговото пристигнување во Вашингтон вчера изјави дека сега „мора да се дејствува сосема мирно и професионално“. „Кажано со зборовите на Ленин: не ни се потребни никакви хистерични напади“, рече Антонов. Тој доаѓа на местото на амбасадорот Сергеј Кисљак, кој се најде во фокусот на медиумите поради своите контакти со членови на изборниот тим на Трамп.