1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рускиот „Северен поток“ ќе потече кон Европа

8 ноември 2011

Денеска (08.11) ќе биде пуштен во употреба гасоводот „Северен поток“, со кој низ Балтичкото море ќе се снабдува Западна Европа.

https://p.dw.com/p/136de
Фотографија: dapd

Гасоводот „Северен поток“ кој ќе обезбедува природен гас од Сибир за Западна Европа денеска ќе биде пуштен во употреба. Гасоводот, руска инвестиција вредна 7,4 милијарди евра, е со должина од 1.200 километри и води низ водите на Балтичкото море до германскиот северен брег. Со него се заобиколуваат постоечките копнени гасоводи кои водат низ Украина и Белорусија. Гасоводот ќе ги обезбедува потребите на Германија, Холандија, Белгија и Франција. На чело на проектот е поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, а на свеченото отворање денеска ќе присуствуваат и рускиот претседател Дмитри Медведев и германската канцеларка Ангела Меркел.

Russland Deutschland Wirtschaft Nordstream Gerhard Schröder
Поранешниот германски канцелар Герхард ШредерФотографија: AP

Идни проблеми за Украина и Белорусија?

Аналитичарите предупредуваат дека најголеми губитници со овој проект се Украина и Белорусија, но и Полска, која е заобиколена со рутата, иако е зависна од рускиот гас. Официјална Москва изминатите години во неколку наврати влезе во конфликт со властите во Минск и Киев околу цената на гасот, поради што беа блокирани испораките за Западна Европа. Со новиот гасовод, таквите проблеми се надминуваат, но Украина и Белорусија сега можат да се соочат со проблеми со снабдувањето, доколку не ги почитуваат договорите со Русија.

Автор: БГ/СН/афп/дпа

Редактор: Е. М. Фиданоска