1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Рускиот патријарх обвинува за мешање во црковните прашања

ЕМФ /агенции
7 јануари 2019

Рускиот патријарх Кирил оцени дека основањето на самостојна православна Национална црква во Украина е „беспримерно мешање“ на политиката во црковните прашања.

https://p.dw.com/p/3B8gv
Russland Patriarch Kirill und Putin
Рускиот патријарх Кирил и претседателот на Русија, Владимир Путин (архива, 4.11.2018, Москва)Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Nemenov

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, во својот денешен Божиќен говор кој беше пренесуван на руската телевизија, оцени дека „новата црква“ во Украина е политички поредок. Тој нагласи дека Украина се изјаснила за европските вредности, а „една од многу важните вредности на Европа е принципот на поделба на црквата и религијата од државата“.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј во текот на викендот во Истанбул го потпиша документот за самостојност на украинската црква. Црковните планови за самостојност беа дел и од предизборната кампања на украинскиот претседател Петро Порошенко. Доколку рускиот претседател Владимир Путин би се однесувал така, тогаш тоа би предизвикало „бура од критики на сметка на Русија од страна на западните земји и активистите за човекови права“, рече денеска партијархот Кирил, додавајќи дека во случајот на Украина земјите од Европа и САД не реагирале.

Türkei - Patriarch erkennt ukrainische Kirche an
Вселенскиот патријарх Вартоломеј го бакнува украинскиот митрополит Епифаниј по предавањето на томосот со кој Украинската црква добива автокефалност (6.01.2019, Истанбул)Фотографија: Reuters/M. Sezer

Повеќе: 

Украинската црква прогласена за автокефална

Расколот во православната црква- пораз за Путин

Втората голема шизма во христијанскиот свет

На улогата на црквата во руското општество денеска се осврна и рускиот претседател Владимир Путин. Тој во соопштението по повод Божик ја пофали улогата на црквата: „Таа прави многу за решавање на итните социјални проблеми“. Според рускиот претседател, црквите се грижат за хармонија, го зајакнуваат семејството како институција, воспитуваат млади луѓе и го хармонизираат меѓурелигискиот дијалог.

Russland orthodoxes Weihnachten | Putin
Владимир Путин во Санкт Петербург, 6.01.2019Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Druzhinin

Путин го прославува Божик во својот роден град Санкт Петербург, каде присуствуваше на богослужба во црквата во која бил крстен. Критичарите ѝ префрлаат на птравославната црква во Русија дека е преблиска со руската држава.