1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија најавува контрамерки за С Македонија

ДТЗ
20 мај 2021

Прогласувањето на дипломатот за персона нон грата е непријателски чин кон дипломатската мисија во Скопје, оцени руското МНР.

https://p.dw.com/p/3tfkf
Mazedonien Außenministerium
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Прогласувањето на рускиот дипломат за персона нон грата во Северна Македонија е непријателски чин кон дипломатската мисија во Скопје. Ова е реакцијата на руското Министерство за надворешни работи, по одлуката да се протера руски дипломат на кој му беше даден рок од седум дена за да ја напушти земјата.

Русија најавува контрамерки за С Македонија.

-повеќе на темата:„Седумте дена“ во руско-македонските односи

„На 14 мај беше преземен непријателски чин против руската дипломатска мисија во Северна Македонија. Локалните власти прогласија еден од дипломатите за персона нон грата. Ние силно ги осудуваме ваквите немотивирани активности, кои не можат, а да не влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија. Следуваат контрамерки“, соопшти руското МНР.

За случајот извести македонското Министерство за надворешни работи, а го потврди и претседателот Стево Пендаровски, кој изјави дека станува збор за документиран случај, а не за импровизација. Како што информираше МНР, на 14 мај рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Александровиќ Баздикин, бил повикан во македонското МНР, каде што бил известен дека еден руски дипломат е прогласен за персона нон грата и дека за неколку дена треба да ја напушти земјата. Како причина за протерување на дипломатот се посочуваат активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат.