Фудбалската ѕвезда пред напуштање на Мадрид?
16 јуни 2017Португалскиот весник „А Бола“ предизвика вистинска бура откако објави дека Кристијано Роналдо сака да го напушти Реал Мадрид и Шпанија поради обвиненијата против него за затајување на данок. Претходно неделава беше објавено дека шпанското обвинителство покренало истражен процес против Португалецот поради сомневања за затајување на данок во висина од 14,7 милиони евра во периодот од 2011до 2014 година, а му се закануваат од две до седум години затворска казна.
И на Купот на конфедерации, кој започнува утре во Русија, и натаму сѐ се врти околу даночната афера на најпознатиот фудбалер во светот- а не околу првиот натпревар на европскиот првак Португалија на турнирот против Мексико, кој треба да се одигра в недела на 18 јуни во Казан.
Роналдо пред летот за Москва со португалската репрезентација на новинарите на весникот Депортес Суатра им изјави дека „неговата совест“ е чиста, а зад својата најголема ѕвезда застана и клубот Реал Мадрид, кој во соопштение нагласи дека е уверен дека Роналдо е невин.
Португалецот наводно веќе ги известил челниците на Реал за намерата да го напушти клубот и државата. Веќе се шпекулира за идната дестинација на Роналдо. Тој фантастичната кариера имено би можел да ја продолжи во Пари Сен Жермен или во Манчестер Јунајтед.