Рекордно вработување во Германија
2 јануари 2020Бројот на вработени во Германија и натаму се зголемува. Во текот на изминатата година работеле 45,3 милиони луѓе, што е рекорд од обединувањето на земјата до денес. Сојузниот завод за статистика денеска соопшти дека во 2019 година имало 402.000 вработени повеќе отколку во годината пред тоа.
Притоа, најмногу е зголемен бројот на вработени во услужните дејности - 319.000 вработени повеќе отколку во 2018-та. Во производните дејности имало 59.000 повеќе вработени отколку во 2018, а во градежништвото - 36.000.
Повеќе:
Колкава е навистина просечната плата во Германија?
Се бара продолжување на Западнобалканското правило за работа во Германија
Додека се бележи зголемување на бројот на вработени кои плаќале целосно придонеси за пензиско и здравствено осигурување, се намалува бројот на луѓе кои работат со ограничен број работни часови во месецот. Исто така, како што соопшти Сојузниот завод за статистика, во изминатата година е намален и бројот на фриленсери и самостојни претприемачи, и тоа за 73.000.