1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реконструиран предизвикувачот на шпанскиот грип

17 октомври 2005

Американски научници го реконструираа многу опасниот предизвикувач на шпанскиот грип од 1918 година

https://p.dw.com/p/AeeY
Х5Н1 вирус на птичјиот грип
Х5Н1 вирус на птичјиот грипФотографија: AP

Резултатите, кои деновиве беа официјално објавени, треба да помогнат во спречување на евентуална пандемија на птичјиот грип. Вирусот првпат се појави во 2003 година кај птиците во Азија. Досега починаа повеќе од 60 луѓе кои имале контакт со заболени птици.

Пандемијата на Шпанскиот грип во 1918 година уби 20 до 50 милиони луѓе ширум светот. Само во САД имало 550.000 жртви. Инфицираните имале висока температура и запалување на белите дробови. Само по неколку денови жртвите се давеле во својата сопствена течност. Сознанијата на научникот Џефри Таубенбергер од институтот за патологија на американската војска потврдија дека вирусот Х1Н1 потекнува од птичјиот грип и имал можност да ги напаѓа луѓето. Токму на ваков развој на настаните предупредуваат експертите во Азија.

Вирусот може да мутира

Сегашниот предизвикувач Х5Н1 би можел да мутира и да се помеша со човечки вирус и да предизвика епидемија низ целиот свет.

Денес на научниците им успеа да го идентификуваат генетскиот код на многу агресивниот вирус Х1Н1 и во лабораторија да го репродуцираат. Медицинарите со генетскиот код создале вирус и го всадиле во клетки од бубрег на човек. На овој начин ги истражувале биолошките особености на вирусот, кои ја предизвикуваат неговото екстремно уништувачко дејство.

Медицинарите заклучиле дека модерните лекови можат успешно да се применат против вирусот на шпанскиот грип. Ризикот за повторно проширување на вирусот е минимален, бидејќи по тогашната пандемијата луѓето во целиот свет развиле антитела кои денеска се уште се активни. Научникот Таубебергер објаснува:

„Во вирусот во 1918 година и во Х5Н1 од Азија ги применуваме истите промени. Но вирусот од 1918 има и до шест мутации во секој ген. Додека во сегашниот птичјиот грип гледаме само една мутациија по ген. Тоа значи дека вирусот е подложен на истиот селективен притисок како тогаш, но се уште се наоѓа во ран еволутивен процес. „