Гонзалес: За ракомет треба да имаш мозок, срце и ...
17 јануари 2018„Малку сме нервозни, но подготвени сме за Келн“, вели во интервју за Дојче Веле тренерот на ракометниот клуб Вардар од Скопје во пресрет на завршниот турнир во Лигата на шампионите во ракомет, кој претстојниот викенд ќе се одржи во Ланксес-арената (насловна фотографија) во германскиот град Келн. Во разговорот кој со успешниот тренер на македонски јазик го води Златко Калински, Гонзалес се осврнува и на досегашниот негативен биланс на неговиот тим против полуфиналниот противник Барселона, истакнувајќи дека работите во двата клуба се многу изменети во однос на последните дуели во 2015 година и оти не треба да се гледа во минатото. „Барселона е Барселона и е многу јак противник“, вели Гонзалес, кој меѓутоа истакнува дека на фајнал-фор турнирот може сѐ да се случи и оти тој има доверба во своите играчи.
Освен за сето ова, тренерот на Вардар, во својство и на селектор на македонската ракометна репрезентација, во интервјуто за ДВ се осврнува и на состојбата во квалификациите за Европското првенство во Хрватска.Тој притоа изразува оптимизам дека Македонија во изедначената група со Чешка, Исланд и Украина на крајот ќе избори пласман на првенството во јануари наредната година.
Раул Гонзалес, покрај тоа, дава оценка и за модерниот ракомет, во кој за да се биде успешен, како што вели, потребни се три нешта. Повеќе за тоа дознајте во целосното интервју, кое можете да го погледнете во продолжение: