1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Расте загриженоста во САД поради Омикрон

Марко Лангер
21 декември 2021

Кампањата на вакцинирање во САД, која почна добро, е заглавена. Расте загриженоста поради опасната мутација. Се очекува обраќање до нацијата на претседателот Бајден во врска корона-состојбата во земјата.

https://p.dw.com/p/44cVm
USA COVID-19-Test- und Impfstelle in New York
Фотографија: Wang Ying/Xinhua News Agency/picture alliance

Омикрон за кратко време стана доминантна корона-варијанта во САД. Според проценките, околу 73% од случаите на инфицирани со коронавирус минатата недела отпаѓаат на зараза со Омикрон-сојот. На веб-страницата на Центарот за контрола на болести во САД се објавени податоци кои покажуваат огромен скок на заразени со Омикрон. За споредба, во неделата пред тоа со оваа варијанта биле заразени само околу 12,6% од инфицираните.

Во некои од американските сојузни држави, дури над 90% од новоинфицираните се заразиле со Омикрон. Во текот на летото, САД страдаа од Делта-сојот, кој сега е потиснат на втора позиција. Во септември бројот на новоинфицирани привремено опадна, а од октомври повторно се зголемува. Во последните денови тоа зголемување е особено брзо. 

Кампањата на вакцинирање во земјата, која почна добро, во меѓувреме оди бавно. Досега се вакцинирани 61,5% од населението. Од нив, околу 30% добиле и бустер доза.

USA I Kentucky I Tornado
Се очекува обраќање на претседателот Џо БајденФотографија: Mandel Ngan/AFP/Getty Images

Американскиот претседател Џо Бајден денеска треба да ѝ се обрати на нацијата во врска со пандемијата на коронавирус. Досега, Белата куќа ја опишува Омикрон-варијантата како причина за загриженост, но не и повод за паника.