1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Крај на ерата на Мугабе?

Петер Хиле
15 ноември 2017

Тој се споредуваше себе си со Исус, но овој пат, политичкото воскреснување веројатно ќе биде тешко: тиран-осаурусот на Зимбабве, Мугабе, се чини дека ја губи својата моќ. Вината за тоа е кај жена.

https://p.dw.com/p/2ngIS
Robert Mugabe und Grace Mugabe
Фотографија: Getty Images/J.Njikizana

По  речиси четири децении на власт, на Роберт Мугабе нема да му пресуди ниту бруталното угнетување на несаканите етнички групи или опозицијата, ниту пак експропријацијата на белите фармери или катастрофалната економска политика. За неговиот доцен пад, наместо тоа веројатно ќе биде одговорна неговата втора сопруга, 53-годишната Грејс Мугабе, која тој ја подготвуваше за негова наследничка на претседателската функција. „Таа има развиено значителнен политички апетит во последните неколку години и јасно покажува дека сака да го наследи својот сопруг", вели историчарот Кристоф Маркс на Универзитетот во Дуизбург-Есен, автор на биографијата „Мугабе, африкански тиранин". Но, за разлика од Роберт Мугабе, кој е сакан и омразен - и двете сесрдно - повеќето Зимбабвеанци за Грејс Мугабе имаат само едно чувство: гадење. Зашто, додека нејзиниот сопруг сѐ уште е славен како борец за слобода во 60-тите и 70-тите години, па дури и далеку надвор од границите на својата земја, „Гучи Грејс"  е симбол за алчност, фалбаџиство и расипништво.

Grace Mugabe Harare
Грејс МугабеФотографија: Getty Images/J.Njikizana

Војската ја презеде власта?

Таа сака скапи автомобили, фенси облека, екстравагантни забави. Во земја каде што две третини од луѓето живеат со помалку од едно евро на ден, тоа не е добра работа. Некои набљудувачи, исто така, сметаат дека Роберт Мугабе ги извршуваше своите претседателски задолжениеја само како марионета на неговата сопруга. Дури и добриот познавач на Зимбабве, Маркс, може да си замисли такво нешто. „Или тој беше марионета на војската", рече Маркс. Во борбата за власт со стариот придружник на Мугаба,  Емерсон Мнангагва, Грејс Мугабе, затоа не може да се надева на поддршка на мнозинството сонародници. Уште поважно, дури и армијата не стои зад жената со скапи чанти. Таа и нејзиниот сопруг се во домашен притвор, де факто, војската ја презеде власта во земјата. Меѓународниот аеродром Хараре е исто така окупиран од војници - пред само една недела тој беше преименуван во „Меѓународниот аеродром на Роберт Мугабе"

Simbabwe Krise Straßenszenen aus Harare
Фотографија: Getty Images/AFP

Во актуелната ескалирачка ситуација војската уште соопшти дека ја презела контролата над Хараре, но оти не е во прашање државен удар, туку само настојување да се „надмине политичката, општествената и економската криза која се влошува“. Војската, освен тоа, сака да ги приведе „злосторниците од опкружувањето на Мугабе“, а самиот Мугабе рече дека се наоѓа во домашен притвор, како што пренесува претседателот на Јужноафриканската република Џејкоб Зума, кој телефонирал со него.

Мнангагва против Првата дама

Минатата ноќ, во Хараре, според изјави на сведоци, одекнале 3 експлозии а и од куќата на Мугабе се слушало пукање. Главниот град на Зимбабве утрото го дочека со армиски оклопни возила на улиците. До заострување на кризата дојде откако командантот на армијата, генералот Константино Чивенга, ѝ се закани на владата на Мугабе дека армијата, поради кризата во земјата, „ќе ја земе работите во свои раце“. Војската ја презеде и контролата над државната телевизија ЗБЦ.

Роберт Мугабе во минатата недела го смени потпретседателот Емерсон Мнангагва, кој е добар пријател со генералот Чивенга. Претседателот најави оти ќе смени и други политичари од „старата гарда“, на што Чивенга остро се спротистави. Тој и Мнангагва се всушност долгогодишни противници и критичари на сопругата на Мугабе.

Simbabwe Mugabe und Mnangagwa ARCHIV 2009a
Емерсон Мнангва и Роберт МугабеФотографија: Getty Images/APF/A. Joe

Роберт Мугабе (93) без прекин е на власт веќе 37 години, а најави оти ќе се кандидира и на наредните претседателски избори кои би требало да бидат одржани во 2018 година. Познат е по владеењето со цврста рака, а опозицијата го обвинува за корупција, напади врз новинари, бели фармери и опозициски политичари. Зимбабве има 15 милиони жители и според индексот на ОН спаѓа во најсиромашните земји во светот. Во 21. век земјата се најде во тешка економска криза поради која во 2008 година дојде до хиперинфлација.

Јужноафриканската Република предупреди на опасност од промена на власта во Зибамбве. Претседателот Џејкоб Зума изрази „голема загриженост“ поради случувањата во Хараре и ја повика тамошната власт и военото раководство на „пријателски начин“ да го окончаат актуелниот „политички застој“.