Путин останува, остануваат и тензиите со Запад
30 декември 2017Изборите можат да бидат интересни, посебно ако се знае однапред кој ќе биде победник. Затоа претседателските избори во Русија можат да бидат возбудливи колку и содржината од телефонскиот именик од Чељабинск. На сите, па и на кандидатите на изборите, едно им е јасно: победник ќе биде Владимир Путин. На крајот на краиштата, Кремљ ја контролира телевизијата, располага со најмногу пари и може да посегне по апаратот на власта, вклучувајќи ги и безбедносните служби. Дури и да постои кандидат кој би можел сериозно да го загрози Путин, тешко дека би можел да настапи на избори.
Кремљ затоа може да биде задоволен од она што ќе следи во наредните недели и месеци: изборна трка која не е тоа. Натпревар во кој претседателот останува државник кој не мора да се обѕира на конкуренцијата.
Повеќе на темата:
2018: Меч на домашен терен со ризици за Путин
Путин благодарен на Трамп за спречен терористички напад
Путин фатен во сириската стапица
Високата излезност како критериум за успех
Но, владата сака повеќе отколку победа. Сака надмоќна победа, со висока излезност, би биле пожелни околу 70 проценти. Тоа е тешко остварливо. Иван Иванович оправдано се прашува: зошто да се мрцварам по снегот до гласачката кутија, кога Влаидмир Путон ќе остане претседател? Ако тоа де факто и не се избори, обичниот руски граѓанин порадо ќе остане дома, согласно на системот: „Нека бројат што сакаат со своите изборни посматрачи!“
Вакво глумење на Владимир Путин всушност воопшто не му е потребно, зашто и независните анкети покажуваат дека тој е јасен фаворит. Дури и да станува збор за вистински, фер избори, би победил 65-годишниот Путин. Негова тајна останува зошто воопшто го избегнува тој ризик. Можеби се плаши од демонстрации? Можеби верува дека многумина негови сонародници би можеле да ја заборават анексијата на Крим или да му забележат поради падот на животниот стандард?
Во односите на моќта во Русија во 2018. година не би требало да има позначајни промени. Занимливо би било што ќе се случува по изборите на 18. март. Дали Путин со целни кадровски одлуки ќе ја подготвува земјата за ерата по него? Астролозите во Кремљ шпекулираат кој би можел да биде нов премиер. Актуелниот, Дмитри Медведев, делува ослабено. Обвинувањата дека ставил милиони во свој џеб, не стивнуваат. Дали за негов заменик Путин ќе именува некој либерален економски експерт или некого од безбедносниот апарат? Било како и да е, тоа би можела да биде пресвртница за идниот курс на Русија.
Нов фактор на моќта на Блискиот Исток
Пресвртници би биле можни и во однос на надворешната и безбедносната политика. Со оглед на тоа што САД во улога на сила која води сметка за редот, се повлекува од многу области, Русија и Кина настојуваат да го пополнат вакуумот на моќта. На Блискиот Исток, каде Русија до пред неколку години не беше некој значаен фактор, претседателот Путин во меѓувреме силно се вмеша. Неговиот човек во Сирија, претседателот Асад, останува на функцијата. Ако ништо друго, Русија се избори за тоа.
Од другастрана, помали придвижувања во 2018. година се можни во решавањето на украинската криза. Москва во новата година нема да отстапи од Крим, ниту ќе престане да го поддржува населението во источниот дел од Украина, кое зборува руски јазик. Санкциите на Запад затоа и натаму ќе останат во сила. Двете страни се во исчекување. Примената на Минските договори запнува. Односот на силите во Украина нема да се промени дури ни по големите американски испораки на оружје. Русија се надева дека интересот на Вашингтон и Брисел за овој регион полека ќе слабее.
Добар домаќин. И безбеден?
Налето Путин може да ужива во вниманието кое ќе го привлече Светското фудбалско првенство во фудбал, па дури и ако домашните фудбалери не остварат најдобри резултати: Русија ќе направи сѐ за да биде добар домаќин. Но, опасност се заканува од терористички напади на исламистите, борци на ИД кои се враќаат од Сирија и од Ирак. Самоубиствените напади на јавни места е тешко да се спречат. Многу би се добило ако американските и руските служби соработуваат барем во борбата против тероризмот. Но, Вашингтон ни за тоа не е спремен. Студениот мир не завршува.