Путин сака силна и обединета Русија
7 април 2015Дојче веле: Секогаш одново се изнесуваат тврдења дека рускиот претседател се обидува да го обнови Советскиот Сојуз. Истовремено, во Русија јакне национализмот. Советскиот Сојуз беше мултиетничка држава со „социјалистички интернационализам“ како основно мото. Оди ли едното со другото?
Герд Конен: Суштината не е во тоа дали Путин сака да го обвови Советскиот Сојуз или дали копнее по социјализмот и социјалистичкиот интернационализам. Напротив, „најголемата геополитичка катастрофа на 20. век“, како што го нарекува распадот на Советскиот Сојуз, Путин го гледа како слабеење на Русија. СССР за него беше природно ширење на царскиот простор и поставување рамки на „вековната“ Русија. Обидите за спречување на распадот со откажување од мировен договор со Чеченците и враќањето на историскиот пат на „обединување на руските области“ (термин кој потекнува од древната руска митологија), претставуваа темел за Путиновиот договор од 2005 година, во вториот претседателски мандат.
Со оглед дека пишувате за еклектичкиот состав на новиот систем вредности во Русија (царот и Сталин) како гледате на тоа што мнозинството Руси не го забележува она на што укажувате? Или тие едноставно го игнорираат?
Многумина го забележуваат тоа и го гледаат со олеснување. Постои голема потреба од согледување на некои историски настани, она што се случило во историјата на советска Русија, што било радикално и фатално. Тоа биле царот и Сталин, белите и црвените, крвници и жртви, атеисти и свештеници. Тој процес е разбирлив и на некој начин неопходен и разумен. Сепак, фатален е идеолошиот пристап на власта, а тоа во денешно време значи - Путин, со кој се врши обид за хармонизирање на сите тие историски настани. Со тоа комплетно трагичното поглавје од руската историја во 20. век се претвора во патриотски кич и херојски приказни, наместо власта да се соочи со минатото и да ги истражи причините за страдањата во земјата. Вака се отвора терен за славопојки во кои Русија чекори од победа во победа, херојски пркосејќи на опкружувањето, остатокот од светот полн љубомора.
Многумина Руси очигледно имаат проблем со чувството на длабоко понижување, верувајќи оти Западот ги лажел. Дали таквото расположение е воопшто релевантно?
Во секој случај, не може да се каже дали е ирелевантно, но во суштина е резултат на пропаганда. Таквите тврдења имаат компензирачка функција. Ако се изземат стопански успешните години, благодарение на извозот нанафта и плин, во Руската Федерацијаво текот на ерата на Путин се зборува за злите странски непријатели. Истовремено, Русија е рамноправен партнер на многу меѓународни економски и политички тела. Групата Г7 прерасна во Г8. Путин прошета по бројни црвени теписи. Проблемот е во тоа што рускиот претседател е фиксиран исклучиво на еден геополитички партнер-САД, што некогашниот СССР го доведе до пропаст, иако Советскиот Сојуз тогаш имаше подобра општествено-политичка позиција.
Многумина Руси стануваат нервозни што Европејците и Американците се обединети во НАТО, откако Варшавскиот пакт го загуби смисолот, и тоа е разбирливо. Но, оние кои зборуваат за „подем на НАТО“, треба само да ја погледаат картата за да сфатат оти сценариото за т.н. опколување на Русија е плодна фантазијата. Доколку Кремљ тврди дека во источна Украина е соочен со силитена НАТО, тогаш тоа за цел има подјармувањена сопствените граѓани. Уште е поапсурдно лелекањето во врска со ЕУ, која се претставува како закана за Русија. Такви тврдења се уште понеискрени.
Ако навистина може да се зборува за надминување на „најголемата геополитичка катастрофа на 20 век“, каков е планот за балтичките земји? Тие порано имаа важна улога во Советскиот Сојуз, а сега се членки на НАТО.
Актуелната политика на руското раководство е продолжение на фаталната политика заснована на комбинација од самоизолација и глобални тензии, кои СССР и го доведоа до пропаст. Малите балтички земји, кои Сталин ги анектираше во 1940 година, речиси на сличен начин како што тоа Путин го направи со Крим, станаа членки на НАТО по стекнувањето независност во 1991 година, но на своја територија никогаш немале бази или сили на НАТО. Меѓутоа, сега кога постои опасност од ширење на судирот, имајќиги во вид приликите во Донбас, Балтикот ќе добие помали бази на НАТО.
А тоа што Финска и Шведска размислуваат за приклучување кон НАТО е прашање за кое Русија треба да поразмисли. Поради што е создаден бран страв и недоверба меѓу соседите и зошто има се‘ помалку пријателство и разбирање, дури и меѓу сојузниците како Белорусија и Казахстан? Ако за тоа воопшто се размислува, би требало да се побара и одговор. Зашто, она што и‘ се случи на Украина, утре би можело да им се случи и на другите.
Како гледате на евентуален ризик по источноевропските земји? Каква стратегија би можеле да имаат советниците на Путин за земјите од Балкан?
Иако не сум експерт за такви прашања, тука не гледам конкретна стратегија на Кремљ, туку само константни обиди овде-онде да се остварат одредени интереси, поврзување со одредени политички сили, фрустрирани поединци, интересни групи, дури и од носталгични побуди. Навистина, не гледам ништо значајно што Русија може да им понуди на тие држави. Освен обидите евентуално да се придобијат одредени политички елити или солидарност по верска, православна основа, како што беше случај со Бугарија, Србија или Грција. Москва во секој случај не може да ја спаси Грција од банкрот, ниту да ја префрли во својата орбита.
Герд Конен е германски историчар и публицист. Предмет на неговите академски истражувања се германско-руските односи во 20. век, како и историјата на комунизмот.