1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ПССЕ им го одзеде правото на глас на руските пратеници

ЕМФ/дпа/афп10 април 2014

Парламентарното собрание на Советот на Европа им го одзеде привремено правото на глас на руските пратеници поради кризата околу Украина. Санкцијата важи до крајот на годинава.

https://p.dw.com/p/1Bfjk
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се најдоа два предлога. Едниот е оној што беше на крајот прифатен - одземање на правото на глас до крајот на 2014 година, а другиот, порадикалниот, гласеше - привремено исклучување на руските пратеници од ова тело. За радикалниот предлог се залагаа пред се‘ Украинците и Грузијците. „Руските колеги не се во салата, тие не сакаат дијалог, не сакаат да не‘ слушнат“, изјави грузискиот либерал Леван Берџеншвили, образлагајќи зошто е за исклучување на Русите. Руските претставници ја бојкотираа дебатата на ПССЕ за можни санкции против Москва поради анексијата на Крим. Шефот на руската делегација Алексеј Пушков на Твитер напиша дека станува збор за „политичка фарса, која може да предизвика само гнасење“.

Голем дел од говорниците на денешното (10.04) заседание на ПССЕ, наспроти тоа, предупредија дека руската делегација не смее да се исклучува. На Русите не смее да им се затвора вратата, рече швајцарскиот социјалист Андреас Грос. Според него, дијалогот со Москва мора да продолжи.

Во Парламентарното собрание на СЕ има 318 пратеници од 47 земји на Советот на Европа, меѓу кои и 18 Руси и 12 Украинци.