Протестите не запираат
17 април 2016Реклама
Со извиците „Нема правда, нема мир“ и „Оставки“ илјадници граѓани петти ден по ред го изразија својот револт од одлуката за амнестија што ја донесе претседателот Иванов. Протестите, освен инцидентот кај Триумфалната порта, кога човек, од страна на демонстрантите оценет како провокатор, удри девојка која сакаше да направи графит, минаа мирно.
За разлика од претходните денови, приврзениците на ВМРО-ДПМНЕ не организираа контрапротести. Протести против амнестијата на Иванов #протестирам денеска ќе се одржат и пред македонската амбасада во Вашингтон, САД. Иселениците на овој начин сакаат да им изразат поддршка на своите сограѓани во Македонија.
Погледнете ја атмосферата во Скопје вчеравечер: