1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Провизорни домови и колера - секојдневие на Хаити и две години по земјотресот

10 јануари 2012

Околу половина милион луѓе се’ уште живеат во градовите од шатори. Поради недостиг на чиста вода за пиење се шири колерата. Околу 7000 луѓе веќе починаа поради болеста.

https://p.dw.com/p/13gmt
Фотографија: picture-alliance/dpa

Претседателската палата се’уште е урнатина и со тоа симптоматично укажува на ситуацијата во Хаити: две години по земјотресот половина милион луѓе и натаму живеат во градовите од шатори - делумно во катастрофални услови.

Тука е уште и колерата - досега оваа болест однесе 7000 животи.

Астрел Лакомбе исто така загуби се’ во земјотресoт - и оттогаш живее во провизорна колиба. „Никој не ме поддржа. Не поседувам повеќе ништо и сега зависам од помошта на другите, од она што сакаат да ми го дадат.“

На овој начин луѓето на Хаити се справуваат со ситуацијата. Пред се’ недостастува чиста вода за пиење - кон ова се надополнуваат и нападите врз жените и децата во камповите.

Нови куќи се градат, но тие не се доволно.

Секојдневието на Хаити, и две години по големата природна катастрофа, за многумина и натаму претставува борба за преживување.

Автор: Сандра Хавенит/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски