1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проблеми во рајот

Емилија Петреска | Кејди Демнери
23 септември 2020

Кога една земја би имала лична карта, во нејзините белези би влегле веројатно и природните убавини. С. Македонија и Албанија можат да се пофалат со еден заеднички бисер - Охридското Езеро. Но, во рајот има и проблеми.

https://p.dw.com/p/3iu7T
Bildergalerie Frühling in Ohrid, Mazedonien
Фотографија: DW/M. Jovanoski

Плажата кај Канео немаше ништо, раскажува охриѓанецот Димитар Чекреџи, додавајќи: „Сега направија платформи, кафулиња, сè... Само позади Канео остана природно, нечепнато.“

Тој веќе 30 години организира тури со чамец по Охридското Езеро. Возејќи туристи, ја забележува секоја промена што му се случува на градот и езерото.

„Многу туристи доаѓаа, но во последните години многу нè нагазија туристи и тие, старите туристи, што го знаат Охрид мирен, сега се изненадени. Велат, ако продолжи вака во Охрид, со вакви гужви, луѓето ќе бараат некаде мир. Сами да бидат, а не како овде“, уверен е Чекреџи. 

Во Охрид никнаа многу дивоградби, речиси половината - во заштитен појас. Димитар Чекреџи вели:

„Треба да се зачува, ама мора да се гради. Само има нелегални градби и тука е лошото. Инаку, ако се работи легално, ќе биде добро. Ако прават вака, со дивоградби, не може ништо да видиме.“

Како е на албанската страна на езерото, погледнете во видеото:

#dw_BalkanBooster: Проблеми во рајот