1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пресудата за Менинг ја подели јавноста во САД

Геро Шлис/ Симе Недевски31 јули 2013

Откако беше прогласен за виновен по речиси сите точки од обвинението на американскиот војник - информант Бредли Менинг му се заканува затворска казна од повеќе од 100 години.

https://p.dw.com/p/19HWq
Фотографија: Getty Images

Пресудата , која ја изрече судијката Денис Линд изненади малкумина. Иако американскиот војник Бредли Менинг (насловна фотографија) беше прогласен за виновен по 19 од вкупно 21 точка од обвинението, сепак  беше ослободен од најтешкото обвинение за кое го товареше Военото обвинителство: „поддршка на непријателот“, што за Менинг ќе значеше доживотна казна затвор.

25-годишниот Менинг за време на неговото стационирање во Ирак, меѓу ноември 2009 година и мај 2010 година и доставил на интернет платформата Викиликс 700 илјади тајни документи на американската војска. Меѓу нив и една видео снимка која покажува како во напад на американски хеликоптер во Багдад се убиени невооружени цивили.

Лери Колб, советник за безбедносни прашања во администрацијата на поранешниот претседател на САД, Роналд Реган, во изјава за ДВ ја оценува пресудата како значајна и фер: „Не постои сомневање дека Менинг предал тајни документи. Главното прашање беше дали со објавувањето на овие документи бил поддржан непријателот и дали со тоа биле поткопани американските напори во борбтаа против тероризмот. јас никогаш не верував во тоа. да се вели дека Ал каеда не знаела дека ја прогонуваме е смешно. Се разбира дека знаеше“, вели Колб.

Јасна порака

Demonstration Bradley Manning Wikileaks
Фотографија: Reuters

Процесот не само што ја подели американската јавност туку и експертите во Вашингтон. Марк Јакобсен од Германскиот Маршалов Фонд, за разлика од Корб пак смета дека обвинението за поддршка на непријателот било оправдано.

„Сметам дека ќе беше добро Менинг да беше прогласен за виновен и за најтешкото злосторство, „поддршка на непријателот“. Судот очигледно интензивно расправал за тоа, но потоа донесе поинаква пресуда“. Јакобсен сепак гледа и позитивни страни на пресудата:„Најважната порака е дека Менинг за речиси сите останати обвинителни точки е прогласен за виновен. Тоа е јасна порака до оние, кои објавуваат строго доверливи информации и кои со тоа ги доведуваат во ризик САД и нивните сојузници“  

За време на процесот кој започна во јуни годинава, Менинг самиот се изјасни за виновен за 10 од вкупно 21 точка на обвинението, меѓу нив за шпиунажа и компјутерска измама. Обвинувањата за поддршка на непријателот тој ги отфрли.

За новинарот Џејмс Бамфорд, кој  стана славен со неговите книги за во последно време жестоко критикуваната Агенција за национална безбедност (НСА), смета дека не е оправдано покренувањето на обвинение за поддршка на непријателот против Менинг . Тој навистина објавил неверојатно многу документи, но тие немале толку голема важност за безбедноста. Повеќето документи, владата воопшто не требала да ги означи како тајни, смета Бамфорд.

Администрацијата на Обама постапува жестоко против предавниците

Bradley Manning verlässt das Gericht in Fort Meade
Фотографија: Reuters

Бамфорд од друга страна смета дека Менинг под висок персонален ризик и направил голема услуга на американската јавност: „најважниот документ, кој јас го видов, покажува како администрацијата на Барак Обама, како и самиот претседател ја лажеле американската јавност. Американците имено при нивниот ангажман во Јемен употребиле кластер-бомби. Овие бомби поради нивното катастрофална уништувачка моќ врз цивилите се забранети во 109 земји. И кога се дозна дека многу жени и деца во едно село биле убиени, Обама всушност лажеше дека Американците немаат никаква врска со тоа“ .

Викиликс ја осуди пресудата против Менинг на воениот суд во САД, како „опасен национален безбедносен екстремизм на владата“ на претседателот барак Обама. Многу експерти се единствени во ставот дека со пресудата се сака и да се постави пример за оние кои во иднина би размислувале за објавување на тајни документи преку платформата на Џулијан Асанж.

„Оваа администрација кривично за шпионажа гонеше повеќе луѓе отколку сите претходни администрации заедни“, вели Кери Колб .

За обвинителството како и за делови од политиката медиумите и јавноста, Менинг останува предавник, додека за неговите поддржувачи тој е храбар борец за . Новинарод бамфорд упатува на тоа дека менинг не го продал тајните документи за пари. За него Менинг е информант односно "Whistleblower".