1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пред посетата на Папата на Германија

8 септември 2006

„Ние сме папа„ – беше насловот во булеварскиот весник „Билд„ кога германскиот кардинал Јозеф Рацингер во април минатата година беше избран за поглавар на католичката црква. „Бе-не-де-то„ скандираа масите кога папата Бенедикт 16-ти непосредно потоа дојде во Келн на светскиот ден на католичката младина. Неговата посета се претвори во фестивал на папата. Новинарите дури зборуваа за ренесанса на верата –

https://p.dw.com/p/AdU3
Фотографија: AP

�осебно меѓу младите луѓе. Утре германскиот папа повторно доаѓа во Германија, поточно во Баварија. Колку километри заштитна ограда ќе биде поставена, колку новинари ќе извествуваат за настанот, кои места ќе ги посети и какви очекувања имаат луѓето од посетата?

Посетата на папата ќе биде половина посета на татковината, половина државна посета, но и проштална визита. Папата Бенедикт 16-ти ја посетува својата баварска татковина. Уште еднаш сака да ги види местата и луѓето што го одбележаа и го оформија неговиот живот, изјави неодамна 79-годишниот папа во инетервјуто за Дојче веле и други германски медиуми. Очекувањата меѓу луѓето од неговата посета се различни:

„Доаѓа дома, логично, нели„?

„Многу се радувам, тој е прекрасен човек„!

„Се радувам на посетата на папата. Одушевена сум. Се надевам дека ќе биде како на светскиот ден на младите – имено дека и верата во Германија ќе доживее ренесанса„.

Сеќавањето на светскиот ден на католичката младина повторно се разбуди. И минхенскиот кардинал Фридрих Ветер се надева на духовен настан како оној во Келн:

„Посетата на папата ќе биде можност да се продлабочи разбирањето за католичката вера, за црквата, за евхаристијата, за светостите и задачите на христијаните во светот и да бидат поставени офанзивно, односно мисионерски„.

За време на петдневната турнеја во Баварија, папата најнапред ќе го посети Минхен, потоа Регенсбург, аџиското светилиште Алтетинг и градот Фрајзинг. Тој нема да се занимава со политика, посебно не со црковна. Духовното е во преден план, што значи: големи и мали божји служби. Во планот на турнејата е и родното место: Марктл на Ин.

Бенедикт за време на посетата ќе биде и папа зад решетки: 13 ипол километри заштитна ограда, кога на божјите служби или за да го видат папа-мобил ќе се соберат стотици илјади верници. 5 илјади полицајци ќе го штитат папата, 4 илјади новинари ќе известуваат за настанот кој секако важи за настан број еден кога станува збор за степенот на безбедност.