Први оставки по изборите
23 септември 2013Шефот на Либералната партија (ФДП) Филип Реслер на партиското претседателство денеска ја изнесе својата оставка поради фијаското на оваа партија на вчерашните парламентарни избори за Бундестагот. Ова Реслер го соопшти по советувањата во Берлин. Тој ја ставил својата функција на располагање, за да се ослободи патот за персонална и содржинска обнова на партијата, изјави Реслер денеска (23.09) на маргините на советувањата на партиските тела. Нему не му успеало, ФДП да постигне успех на изборите. „Сосема свесно ова ФДП не беше изгласано“.
Постоело единство, оставка да поднесе целото сојузно партиско раководство. Исто така и Рајнер Бридерле нема да може повеќе да ја извршува функцијата, шеф на парламентарната група на либералите во Бундестагот, со оглед на тоа што неговата партија не освои мандати во парламентот во Берлин.
Паралелено сѐ погласни се гласовите на оние кои сакаат да ги видат Кристијан Линднер и Волфганг Кубики во новото раководство на партијата. Досегашниот заменик претседател Линднер најави дека ќе се кадидира за водечката позиција на либералите.