Првата кинеска космонаутка полета кон вселената
16 јуни 201233-годишната Лиу Јанг беше одбрана да биде дел од екипажот на „Шенжу 9“ по повеќемесечни тестови. Целта на 13-дневната мисија во вселената е спојување со кинеската вселенска станица „Тиангонг 1“, кое за повпат треба да биде извршено од страна на космонаути. Десет метри долгата и осум тони тешката вселенска истражувачка станица од крајот на септември минатата година кружи околу земјата. Во ноември беше направено, пак, првото успешно поврзување на вселенски брод без човечки екипаж со станицата преку далечинско управување.
Усовршувањето на технологијата на поврзување е предуслов за амбициозниот проект за кинеска вселенска станица со човечки екипаж до 2020-та година.
Инаку со заминувањето во вселената на Лиу, Кина стане трета земја во светот по САД и поранешниот Советски Сојуз, која има испратено жени во вселената. Лиу е мајор на кинеската армија и пилот на борбени авиони.
Првиот кинески космонаут замина во Вселената во 2003 година, по што Кина лансираше уште неколку ракети со човечки екипаж, но тие досега исклучиво беа составени од мажи.