Почина Олег Попов, најпознатиот кловн во светот
3 ноември 2016Олег Попов починал за време на турнејата во Ростов, мирно, гледајќи телевизија, јавија руските агенции. Тој својата циркуска кариера на почна во 1950-тите, прво настапувајќи во руската провинција, а потоа од 1955-та во Московскиот државен циркус. Во 1969 година ја доби титулата „Народен уметник на Советскиот сојуз“.
Првиот голем успех во странство го доживеа есента 1955 година, кога на покана на директорот на бриселскиот Cirque Royal Москвсвкиот државен циркус настапуваше во главниот град на Белгија. „Такво нешто не е видено досега“, напишаа критичарите во Брисел и наголемо ги фалеа „вчудовидувачките мимики“ на Попов, човекот со сини очи кои зрачат, чии досетки се „чудо на суптилноста“. На наредното гостување во странство, во Париз, Попов веќе беше славен како „циркуски поет“.
Олег Попов, роден на 31 јули 1930 година во сиромашно семејство, израсна во Москва. Неговиот татко работел во фабрика за часовници, а мајка му ретуширала слики. Циркуската кариера Попов не ја почна како кловн, туку како танчер најаже и жонглер. Од 1991 година Попов живееше во Германија, но постојано патуваше на настапи во Русија.